Skip to main content
Ное 19, 2011

Традицијата и вештините за изработка на ракотворбите, на младите средношколки им ја пренесуваа жените од центарот „Бисера“. Интересот за посета на оваа работилница беше голем, а се пренесуваа тајните на шиењето на носиите, везењето и плетењето. Изработените ракотворби потоа ќе бидат презентирани на отворена изложба.


Ное 19, 2011

За 4 години од кога започна да се применува Законот за слободен пристап до информации постојано има тенденција на зголемување на користење на ова право од страна на граѓаните. Тие најчесто на адреса на Локалната самоуправа упатувале прашања од областа на урбанизмот, комуналните дејности и  финасиите на општината, вели Васил Ложанкоски од Локалната самоуправа.


Дек 12, 2017

Се подобруваат условите за развој на спортот во градов. Деновиве на СРЦ „Билјаноини извори“ се реновираат соблекувалните и санитарните јазли. Со тоа се добива еден комплетно уреден дел на градскиот стадион, вели директорката на ЈП „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска.


Ное 19, 2011

Нелегалната сеча на дрва тешко се искоренува. Во Н.П. „Галичица“, овој проблем сеуште е евидентен. Годинава досега против три сторители е изречена глоба, во висина од 7 000 денари.


Ное 18, 2011

Акцијата за бесплатно мерење на очниот притисок во Охрид, предизвика огромен интерес. Само за два часа беа извршени повеќе од триста прегледи.


Дек 11, 2017

Уапсени две лица во врска со вчерашната престрелка на булевар Туристичка во која едно лице беше повредено. Полицијата трага по извршителот на обидот за убиство.


Ное 18, 2011

Охридските занаетчии се пред важна одлука. Треба да изберат нов претседател на Регионалната занаетчиска комора. Голем дел од нив сметаат дека поранешното претседателство било крајно пасивно и не ги остварило нивните очекувања и потреби.


Ное 18, 2011

Зборникот со наслов „Осигурување на квалитет“ ја доживеа и својата официјална промоција. Во него објавени најуспешните училишни проекти од целата држава. На денешната промоција покрај авторите на оваа идеја, Јелица и Атанас Николовски присутни беа и просветни работници од повеќе градови од Македонија.