Јун 20, 2011
Оваа година најмасовно Разиграно оро во Охрид
Народните носии на 60 ансамбли од 16 земји ќе го обојат овогодинешното издание на Меѓународниот фестивал „Разиграно оро“. Рекордните 2500 учесници ќе ги претстават своите земји на најмасовниот фестивал од ваков вид на македонско тло. Отворањето на фестивалот е закажано за 2ри Јули во магичната атмосфера на античкиот театар.
Јун 18, 2011
Горно Лакочереј домаќин на трeтата Ѓомлезијада
Тардиционално, годинава по трет пат во селото Горно Лакочереј во манастирскиот комплекс Св. Спас се одржа манифестацијата ѓомлезијада. Годинава 20 натпревачи го приготвуваа специјалитетот, а за проба на истиот стана вистинска гужва и турканица.
Сеп 27, 2017
Стојаноски: Охрид заслужува да биде најпосетена туристичка локација во светот
Денес кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата Јован Стојаноски на прес конференција најави мерки кои идната локална власт треба да ги спроведе за подобрување на туризмот во Охрид. Тој рече дека Охрид заслужува да биде најпосетената туристичка локација во светот, и нивната мисија била од Охрид да направат препознатлива и атрактивна дестинација која ќе биде бренд во туризмот.
Јун 18, 2011
Фекалии во атарот на Центарот за едрење
Проблемот со атмосферската канализација стана хронична појава во каналот Студенчишта и на дел од езерото. Надлежните во градов за ова проблематика години наназад без слух, велат од Центарот за едрење.
Јун 18, 2011
Градскиот саат отчукувал и ала турка и ала франка
Охридската Саат кула со својата едноставност и скромност, вгнезден во зеленилото на Бајрот, пркоси низ врмето. Со висина од 12 метра гордо стои и на охриѓани и неговите посетители им го покажува точното време. Поставен на камена кула сатот опстојува и не се предава пред времето.
Сеп 27, 2017
Јанев: Бесплатна здрава храна за учениците од прво до петто одделение
Здрава исхрана за сите ученици од 1во до 5 то одделение на товар на буџетот на општината Охрид. Овој проект го најави кандидатот за советник Ангел Јанев, проект кој треба да го реализира кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, д-р Митко Тилевски, доколку ja добие довербата на граѓаните.
Јун 17, 2011
Заврши доказната постапка за бродот „Илинден“
Иако се очекуваше на денешното рочиште да бидат дадени и завршните зборови на адвокатите на двете страни, сепак истите се одложени за дваесет и четврти овој месец.
Јун 17, 2011
Споменикот на Св.Наум ќе го оформи светиот триаголник на плоштадот
Светиот триаголник конечно ќе се оформи. Споменикот на Свети Наум кој треба да го комплетира посакуваниот изглед на плоштадот денес ги доби своите темели. Градоначалникот Петрески и градските советници засукаа ракави и учествуваа во поставувањето на темелите на овој грандиозен споменик. Вредноста на споменикот изнесува 160 000 евра-вели градоначалникот Петрески.