Костеска: Да не се врши притисок за упис на децата во охридската градинка
Од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ со апел до родителите на дечињата од претшколска возраст. Да не вршат притисок врз воспитните групи и врз канцеларијата каде што се врши уписот, да се примат дечиња кои до две годишна возраст не кажуваат за своите физиолошки потреби, како и тоа да нема ургренции, нивното дете да биде запишано во објектот на централната градинка.
Жешка тема од безбедноста на информатичкиот универзитет во Охрид
Македонската наука и високото образование се вклучуваат во заедничките научно истражувачки проекти кои се финансирани од НАТО. Министерот за одбрана Зоран Јолески присуствуваше на отварањето на работилницата на тема Аритметика на хипер елиптични криви и криптографија која се одржа во Универзитетот за информатичка наука и технологија во Охрид.
Две лица од Охрид ја прекршиле забраната за движење во изминатото деноноќие
Против две лица од Охрид ќе биде поднесена соодветна пријава за прекршување на забраната за движење.
Голема дупка на ул. „Богомилска“
Голема дупка на ул. „Богомилска“.Мештаните од тој потег се жалат дека газат во кал бидејќи десет дена од истата извира вода, а надлежните не интервенираат. Не успеавме и ние да добиеме одговор од МЈП „Проаква“, од каква природа е водоводниот дефект и кога истиот ќе биде саниран, бидејќи како што ни кажаа од таму директорот бил во Јапонија на службено патување.
Од Охрид започнува откривање на таленти
Со цел да се намали трендот на одливање на мозоците од земјава отпочнува Владиниот проект „Откривање и работа со надарените и талентирани деца во предучилишните установи“. Задачата на државата е преку поголема грижа за талентираните и надарени учениците да направи врвни стучњаци од нив и да ги задржи во земјава, велат експертите.
Депоата на Плаошник кријат богата археолошка поставка
Нема да се чека изградбата на Музејот за да можат да се видат експонатите. Оние кои се конзервирани можат да се видат и сега, најави Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска.
Потпишан меморандум за соработка помеѓу студентскиот парламент при Универзитетот “Св. Апостол Павле” и НАПАГ
Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” и Националната асоцијација на престижни академски граѓани потпишаа меморандум за соработка. На овој начин талентираните студенти добиваат дополнителна можност за доедукација.
Пожар над селото Опеница
Според информациите на територијалната противпожарна единица и стручните служби при ЈП „Македонски шуми“ се работи за поголема површина, на трева и нискостеблеста вегетација.