Нема проширување на НАТО и ЕУ, но Македонија продолжува со реформите вети-министерот Попоски
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денес оствари средба со неговиот колега од Латвија која наредната година го презема и претседателството со Европската унија.
Белгиецот Брајан Рикеман е победник на 28от Охридски пливачки маратон
Рикеман беше побрз и поиздржлив од останатите 21 маратонци и се искачи на најпосакуваниот трон во светското маратонско пливање. Најдобро пласираниот македонец, Евгениј поп Ацев за жал во фото финиш ја загуби битката за првото место и се пласира на одличното второ место.
Премиерот Никола Груевски во Охрид
Премиерот Никола Груески заедно со Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, денес во официјална посета на Охрид.
Холивудска продуцентска компанија, ќе снима кратки промотивни филмови за Охрид
Ова е резултат на соработката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со Холивудскaта продуцентска компанија, Infinity pictures and HMB (Hollywood Media Bridge) во склоп на активностите за промовирање на Македонија во светот како атрактивна туристичка дестинација.
Изградба на нов кат на геријатрија за спас од лошите услови за пациентите
Ова го најави директорот на Општата болница, д-р Љубен Арнаудов. Тој потенцира дека за состојбата на ова одделение е известено и Министерството за здравство.
Историско издание на 27та Седница на совет
Охрид од денес има нов грб и знаме, кејот „Маршал Тито“ е кеј „Македонија“ а општината доби зелено светло кредитно да се задолжи кај Светска банка. Овие одлуки беа донесени на денешната 27ма седница на совет после многу жолчни дискусии во кои се потенцираа познавањата од историјата и патриотизмот.
Охрид полн со туристи
Раздвиженост во Охрид за продолжениот празничен викенд. Градот исполнет со гости, од кои покрај домашните, најбројни се гостите од Црна Гора, Албанија, Србија, Косово. Туристичките работници велат Охрид на големо се продава во соседнните земји и на повидок е солидна туристичка сезона за конечно заживување на економијата.
Утре стартува 60 -тиот Охридски пливачки маратон
Утре стартува 60 -тиот Охридски пливачки маратон.