Угостителите и оваа сезона мака мачат со вработување на келнери и кувари од Охрид
Угостителите и оваа сезона мака мачат со вработување на келнери и кувари од Охрид.
Колку е безбедно да се минува под Долни сарај
Безбедноста на граѓаните кои минуваат под Долни сарај не е доведена во прашање поради пукнатините на јужниот ѕид, тврдат од националната установа, Завод и музеј. Од таму кажуваат дека поголемиот дел од ѕидот е саниран, а аплицирале до Министерството за култура за средства за реконструкција и на другите делови од цитаделата. Инаку, безбедноста на граѓаните и опасноста од одрони во минатиов период беше експлоатирано како причина повеќе за отстранување на Мостот на желбите.
Пази, отворена шахта
Крадењето на капаците од шахтите е стар проблем во Охрид. Одговорноста за вршење редовни контроли на состојбата на одводната и канализациона инфраструктура е на ЈП „Нискоградба“ Охрид. Од таму велат дека тешко се справуваат со овој проблем.
Несекојдневен јапонски перформанс за промоција на „Дневникот на хулиганот“
Со оваа книга на охридскиот писател Сашо Димоски, охриѓани ќе можат да се запознаат одблиску преку буто перформансот на актерот Васил Зафирчев. Преку него, Зафирчев и Димоски ќе се обидат да го одгатнат феноменот на љубовта врз принципот на импровизацијата.
Охриѓаните Нина Балабан и Јован Јованоски на Младинската олимпијада во Нанџинг-Кинa
Едниот како младински амбасадор, другиот како натпреварувач ќе ги претставуваат Охрид и Македонија. На овие младински летни олимписки игри во Кина, македонската репрезентација ќе се претстави со петмина спортисти.
Црвен крст Охрид објави повик за обука за спасители на отворени води
За потребите на Центарот за безбедност на вода, Црвен крст Охрид објавува повик за обука за спасители на отворени води.
Лесковчани загрижени за капацитетот на канализационата мрежа која се поставува во местото
Во моментот се спроведуваат зафатите од втората и третата фаза од поставувањето на фекалната канализација во Лескоец. Од локалната уверуваат дека канализационите цевки кои се поставуваат во Лескоец се според стандардите. Најавената замена на водоводната мрежа пак, ќе мора да го почека распишувањето на тендерот за избор на изведувач на работите.
Во катедралната црква Св. Софија по трет пат гостува музичкото дуо Трусови
Во катедралната црква Св. Софија по трет пат гостува музичкото дуо Трусови.