Skip to main content
Јул 19, 2011

Непознато името на заменикот  на досегашниот советник за образование Митре Велјаноски кој стана пратеник во законодавниот дом. Од кабинетот на градоначалникот не откриваат кој ќе биде новиот советник.


Јул 18, 2011

Од 20 јули до 20 август стапува на сила ограничувањето на пловидбата на пловните објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ кои се со јачина поголема од 45 kW кои можат да пренесуваат максимум 3 лица.


Окт 10, 2017

Правилниот раст и развој на децата преку спортување во фокусот на денешната прес конференција на Сашо Ставрески кандидат за советник од СДСМ и Коалаицијата. Ветуваат создавање на модерен спортски комплекс во рамки на СРЦ „Билјанини Извори“, спортска структура и вложување во нови училишни спортски сали.


Јул 18, 2011

На шест локации во градот се поставени 24 јавни мобилни тоалети. Граѓаните и туристите ќе може да ги користат на локациите кај Горна Порта, во центарот на градот , во близина на мостот, кај  спортско рекреативниот центар Билјанини извори.


Јул 18, 2011

Децата со дијабетес од целиот свет на летен едукативен камп во Охрид. Кампот е под покровителство на Дистрикт 132 од Македонија на Лајонс Интернешнел. Тие во Охрид ќе престојуваат десеттина дена, а покрај забавата и рекреацијата, заедно со искусен медицински тим, ќе учат како да живеат подобро и да се справуваат со оваа болест.


Окт 10, 2017

11 Октомври е ден од Македонската историја, кој не само што е симбол на Македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност. Граѓаните на Охрид си спомнуваат за нивниот придонес во втемелувањето на македонската државност преку Народноослободителната војна.


Јул 18, 2011

Локалната самоуправа, второто запрашување против комарци ќе го организира и изведе во четврток на 21- ви или во петок на 22- ри јули, во зависност од временските прилики.


Јул 16, 2011

И понатаму инвеститорите не ја почитуваат одлуката на советотот за неградење  во екот на туристичката сезона во централното градско подрачје. Интензивно се гради и покрај тоа што градежната инспекција пишува прекршочни пријави.