Skip to main content
Мај 7, 2014

Преку 600 средношколци од целата држава утре ги започнуваат натпреварите на Гимназијада 2014та. Ракомет, футсал, голем фудбал, кошарка, одбојка и атлетика се спортовите во кои ќе се натпреваруваат децата.


Мај 7, 2014

На 8 мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст.


Мај 7, 2014

Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид,  изведува обележување на јавните површини за поставување на урбана опрема. Исто така од јавното претпријатие вршат и обележување на просторот за потребите на Гимназијадата  Охрид -2014.


Мај 7, 2014

Со низа свечености, СВР Охрид ќе го одбележи 7 мај Денот на македонската полицијата.


Апр 30, 2021

Помеѓу 1 и 2 мај нема да има полициски час.  Но затоа полицијата и инспекциските служби ќе имаат засилени контроли на терен. Од СВР Охрид апелираат секој поединец да води грижа пред се за своето и здравјето на најблиските со почитување на заштитните мерки.


Мај 7, 2014

Од ЕВН Македонија информираат дека денес, 7-ми мај, од 08:30 до 13 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од улицата „Железничка“, на пресекот со улицата „Абас Емин“.


Мај 6, 2014

Лоша состојба на улицата Бекир Алириза во близина на О.У. „Братство Единство“ во Охрид. Вдлабнатина до вдлабнатина, дупка до дупка.


Мај 6, 2014

Ѓурѓовден се празнува на 6 мај. Овој празник се вбројува меѓу поголемите пролетни празници што го празнува не само христијанското, туку и целото население во Македонија а посебно припадниците на ромската заедница. Луѓето посебно на денешен ден, веруваат во магичната моќ на билките, ги собираат, пијат чаеви и веруваат дека тоа ќе им донесе здравје во текот на целата година.