Денес е Велики Понеделник
Велики Понеделник (грч: Μεγάλη Δευτέρα) е првиот ден на Страстната седмица.
Средба на премиерот Заев, вицепремиерот Груби, министерот Филипче и директорот Сотировски, со поглаварите на МПЦ Стефан и на ИВЗ Шаќир Фетаи
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со првиот-заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава – на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи.
Во Охрид ќе гласаат 51 157 лица
Се е подготвено за утрешниот прв круг од претседателски избори, велат од Општинската Изборна Комисија. Во Охрид ќе гласаат 51 157 лица, на 88 избирачки места.
Се враќаат сеќавањата на стариот охридски чун
Се чека грант за реставрација на стариот охридски чун. Деновиве Горан Патчев како претставник на Националната установа Завод и Музеј Охрид, поднесе предлог за добивање на грант, на Конференцијата за музеи која деновиве се одржа во Тирана, Албанија. Единствениот примерок на овој чун во Охрид, беше уништен пред три години позади куќата на Робевци кога врз него се сруши карпа, така што од него останаа само даските кои до ден денес лежат таму.
„Генетика на кучињата“-тешка психолошка драма од репертоарот на аматерската група „Аматер“
Деновиве ги прават последните проби пред официјалното одигрување на претставата. Велат дека е време охридската публика да види дека освен комедијата, можат да сработат и нешто сериозно.
Тунтев: Какви се проектите на ДПМНЕ?
Кандидатите од владеачката ДПМНЕ не само што одбиваат и се плашат да се појават на дуел, туку цело време се обидуваат да манипулираат со јавноста, обидувајќи да ја префрлат одговорноста врз опозицијата за сопствената неспособност, незнаење и немоќ. Згора на тоа, цело време ги кршат и не ги почитуваат законите на оваа држава, затоа што се власт што владее со закани, уцени и заплашување, обвини на денешната прес конференција кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ, Томислав Тунтев.
Костоски: Германската фабрика е манипулација пред избори
Најавата за новата германска фабрика која ќе произведува авто галантерија е само уште една од многуте манипулации пред избори на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува Ванчо Костоски од ВМРО – НП.
Николовски: После 35 години Охрид ќе заживее со 1800 вработувања
Досега слушавме само за затворање на фабрики во Охрид денес со гордост можеме да највиме 1800 нови вработувања во охридско струшкиот регион. Ја изградивме Железничка а ќе го изградиме и експресниот пат од Охрид до Св Наум, со што добиваме автопатско поврзување од македонско албанската граница до Кичево, кажа на денешната прес конференција Александар Николовски кандидатот за пратеник од ВМРО – ДПМНЕ.