По четиричасовна акција, спасени изгубените туристи на Галичица
Од Националниот парк „Галичица“ чии екипи учествуваа во акцијата за спасување, велат дека секоја планина мора да се почитува и да се биде претпазлив, но и секој кој сака да ја разгледува планината, задолжително да си купи билет и да се пријави кај нив.
Жителите од Сирма Војвода го бараат ветениот асфалт
Преку трупа и преку нива одиме во град, реагираат жителите од ул. Сирма Војвода. Наместо градска, нашата улица наликува на запуштена селска населба без асфалтиран пристапен пат, газиме во кал а градските власти ни ветија дека оваа пролет улицата ќе биде еден од приоритетите на Секторот за сообраќај, патишта и улици. Но од тоа досега ништо.
Општината не побарала информации од државниот инспекторат за дивоградбите во Стар град
Општината непобарала информации од државниот инспекторат за дивоградбите во Стар град.
ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ ДОБИ ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ ЗА АЕРОДРОМИ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ СОВЕТ НА АЕРОДРОМИ
ТАВ Македонија доби здравствен сертификат од Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International World) за Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, во рамки на Програмата за здравствена акредитација на аеродромите, којашто претставува нов меѓународен репер за спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот.
Oтчетот на градоначалникот дежаву, обвинуваат од ОО на СДСМ
ОД ОО на СДСМ уште еднаш ги потсетија припадниците на ВМРО-ДПМНЕ дека отчетот на градоначалникот народот не го оценува само по кориците, туку суштината е во неговите реализирани работи напишана во многубројните страници.
Тешка кражба во Охрид
Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „Тешка кражба“, СВР Охрид против Р.Ф. (21) и Д.Т. (17) двајцата од Охрид поднесе кривична пријава.
„Охридски Комуналец“ ќе подига зелен отпад во центарот на Охрид
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 12.04.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)од реонот опфатен со границите на улиците: Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Маршал Тито и населба Охридати.
Продолжува украсувањето на охридскиот градски кеј
Во тревниот дел од градскиот парк, на потегот од поранешното ПТТ одморалиште до угостителското училиште, Ј.П.Охридски Комуналец засади 3 нови цветни острови.