Јун 15, 2011
Финишираат подготовките за фестивалот на францускиот филм
Од 2 до 5 јули по четврти пат во Охрид ќе се Фестивалот на француски филм. Директорот на фестивалот за Македонија Зоран Велјаноски – Летра вели дека на селекцијата на програмата се работело цела година. „ На фестивалското издание ќе има поширок избор на филмови од најновата француска продукција“, додава Велјаноски.
Сеп 26, 2017
Охрид сеуште без современа градска библиотека
Што се случи со изградбата на современа градска библиотека. И после три години од започнувањето на реализацијата на овој проект, градов сеуште е покус за вакво здание во кое љубителите на книгата ќе можат да читаат и да се едуцираат. Охриѓани се желни за современа градска библиотека. Чекаат надлежните да кажат што се прави на овој план.
Јун 15, 2011
Охриѓани повеќе се плашат од цените отколку од ешерихија коли
Додека дел од Европските земји се справуваат со заканата од оваа смртоносна бактерија, Македонија мирна. Опасност од бактеријата нема. Сепак цената на зеленчукот нагло се намали за само месец дена. Дали причината е стравот од бактеријата или нешто друго?
Јун 15, 2011
Проработи информативниот центар на Галичица
НП „Галичица“ се пресели во новите простории. Првиот човек на паркот Зоран Ангелоски, најавува многу новитети кои за прв пат се случуваат во рамките на активностите на паркот.
Сеп 26, 2017
Тилевски: Имаме решение за секој проблем на охриѓани
Продолжуваме да чекориме по патот на успехот, тоа е влогот на нашата генерација што мора да го исполниме со мудрост, чесност и работа. Со оваа порака денес ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција ја најави кампањата за престојните Локални избори 2017.
Јун 14, 2011
Да се ослободиме од стравот на минатото
Вечерва во Центарот за култура ќе се изведува траги-комедијата „Господин Балкан“, во изведба на австралиско маледонскиот театар од Сиднеј. Тие по прв пат се во Охрид, но не и во земјава.
Сеп 26, 2017
ТАВ: Естонската ,,Нордика“ ќе почне со летови Охрид-Талин од 2018 година
Естонскиот авиопревозник „Нордика“ ќе почне да лета на авиолинијата Талин – Охрид – Талин, почнувајќи од летната сезона во 2018 година, најави ТАВ Македонија.
Јун 14, 2011
Платил комуналии и бара пристапен пат до домот
Барам пристапен пат по кој ќе можам нормално да влезам во мојата семејна куќа вели Драган Стефаноски од Охрид. За изградената куќа на улица Ристо Чадо во 1979 година платив комуналии, а сум без пат, нагласува Стефаноски. Тој и уште неколку семејства на истата улица сега користат приод до своите домови од еден метар.