Јун 9, 2011
ОО на Црвениот крст спроведе уште една успешна крводарителска акција
ОО на Црвениот крст и Сава Табак осигурување организираа заедничка крводарителска акција. Одзивот на Охрѓани огромен. Тие и овој пат покажаа дека се хумани и дека се редовни посетители на овие акции.
Јун 9, 2011
„Збогум градинке моја, среќно првачиња“
Идните првачиња, денес ги добија и своите први дипломи, а за оваа пригода беше подоготвена посебна забавна програма.
Сеп 23, 2017
Еко миење на вашиот автомобил
Младите охриѓани Никола и Бојан донесоа новина во нашиот град. Тие отворија фирма за мобилно еко чистење на автомобили. Засега задоволни се од интересот на охриѓани, но за нив најважно е да остават добар впечаток кај корисниците на нивната услуга која нуди чистење на нивните автомобили со водена пареа без средства и јаки четки.
Јун 8, 2011
Промоција на мирот и стабилноста во регионот
Началниците на генералштабовите на армиите од балканските земји, се сретнаа денес во Охрид.
Јун 8, 2011
Културен, здравствен или каков туризам имаме?
Во кој правец се движи туризмот во Охрид, но и во земјава? Со каква стратегија се настапува пред туристите домашни или странски, а кои се придобивките? Туризмот е една од најважните развојни гранки во земјава, а државна стратегија едвај да имаме. Ваква стратегија еднаш беше донесена, но набргу потоа ревидирана поради одредени недостатоци. Според новата стратегија, Охрид запловува во културниот туризам.
Сеп 22, 2017
Охриѓани даваат поддршка за референдум на иницијативата на Пеленската револуција
Охриѓани даваат поддршка за референдум на иницијативата на Пеленската револуција. Доколку се соберат 10.000 потписи во земјава граѓанската иницијатива „ 450 Породилно“ ќе влезе во процедура за измена на предлог Законот за работни односи. Измените се однесуваат на зголемување на времетраењето на платено отсуство од работа поради бременост,раѓање и родителство од 9 на 18 месеци.
Јун 8, 2011
Цветен Охрид по втор пат
Втор ден, втора година по ред, во рамките на неделата на животната средина, што ја организира Општина Охрид, и денеска голем број Охриѓанија добија жардињери со петунии и импатија, со цел разубавување на нивните балкони. Интересот за акцијата огромен, но за жал и некултурата кај нашите сограѓани.
Јун 8, 2011
Охриѓани не го поминаа тестот за екологија
Секторот за урбанизам и заштита на животна средина согласно своите активности годинава за прв пат спроведе помасовна акција за собирање на стара хартија. Целта е прво да се подигне свеста кај населението, а се започна од учениците во основните и средните училишта.