Skip to main content
Јун 5, 2014

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 8 јуни 2014 година (недела), во црквата „Света Троица“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Духовден“, со почеток во 9.00 часот.


Јун 5, 2014

По повод 5-ти Јуни, светскиот ден на животната средина, секторот за внатрешни работи Охрид, ќе спроведе превентивна позитивна акција во која, во соработка со Здружението на возачи-Охрид и авто-мото друштво „Технички преглед на возила“-Охрид, врз товарните и патничките возила ќе се врши контрола на системот на испуштање на согорени гасови и користење несоодветно гориво.


Јун 5, 2014

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 07.06.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  У.З.6 „Даме Груев„  и У.З.10 „Горна Влашка Мала„  (комплекс згради „Христо Узунов„ , „ Карабегобамала„  и „Горна Влашка мала„).


Мај 10, 2021

Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” Охрид, виекндовја спроведе jавната расправа на тема: „Зајакнување на локалното младинско учество и застапеноста на младинските прашања, во програмите на политичките партии за локалните избори во 2021 година”, организирана во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи“ на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а кој цели кон поинклузивни и подемократски изборни процеси раководени од зајакната организација на изборите кои се одблизу набљудувани од граѓаните.


Јун 5, 2014

Во соработка со Капетанијата на пристаништа-Охрид и локалната самоуправа, Ј.П.„Охридски Комуналец„ го расчистува каналот „Билјанини Извори„ на потегот од влезот во каналот до Езерската полиција.


Јун 5, 2014

Од ЕВН Македонија информираат дека денес, 5-ти јуни, ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во неколку населени места долж источното крајбрежје.


Јун 4, 2014

Градскиот  превоз кој требаше да профункционира уште минатата недела сеуште не се одвива. Од АД Галеб, фирмата која го доби тендерот за спроведување на линискиот превоз, објаснуваат кои се причините за тоа.


Јун 4, 2014

Дали конечно се надзира изградба на покриен зелен пазар во Охрид? ЈП „Градски пазар“ денес го распиша тендерот за избор на најповолна понуда за изградба на новиот објект на пазарот преку Јавно приватно партнерство.