Тренески: „Најголемите инвестиции на владата се во образованието “
Подигање кабаст отпад
Охрид се гради
Охрид се гради. За време на туристичката сезона и покрај одлука на градските татковци за мораториум на градежни активности за време на летото во интерес на туризмот. Од Општинскиот инспекторат тврдат дека ги опоменале, и тоа усно, сите кои вршат градежни работи, но дека немаат ингеренции за нешто повеќе од тоа. Но добрите познавачи на оваа проблематика не го делат ваквиот став. Тврдат дека инспекторите и тоа како имаат право и да казнуваат.
Семејна трагедија на ул. „Момчило Јорданоски“
Двете беживотни тела на маж и жена попладнево биле пронајдени на улицата Момчило Јорданоски. Од СВР Охрид со официјални информации ќе излезат во текот на утрешниот ден.
Основниот Суд и во летниот период се справува со зголемеиот обем на работа
Охридскиот Суд во летниот период се соочува со поголем обем на работа, а со помалку кадар. Но тоа не е проблем да им излезат во пресрет на барањата на странките кои имаат потреба од тоа. Во оваа установа во секое време има судија или судски службеник кој е задолжен да води сметка за завршување на потребните дејствија или барања на странките во судот, уверуваат од таму.
„Лабино“ ќе се средува
Извештај за стратегиска оцена
Охрид и селските населби непречено се снабдуваат со вода за пиење од градската мрежа
Охрид и селските населби непречено се снабдуваат со вода за пиење од градската мрежа. Дефектите на градската мрежа во споредба со минатата година се намалени скоро за една третина. Во минатиот период е извршена замена на цевоводот во должина од 2 км. Градскиот водоводен систем е застарен, а во план на јавното претпријатие „Проаква“ е замена на салонитните цевки.