Skip to main content
Апр 21, 2021

Од 20.00 часот (20.04.2021) до 05.00 часот (21.04.2021) констатирано е дека 46 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (20/21.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 611 прекршоци.


Мар 18, 2014

Во акцијата на Министерството за животна средина „Македонија земја на цвеќето- земја на розите“ што ќе се одржи на  овој петок, 21-ви март, со активности на Одделението за заштита на животната средина и Одделението за образование, ќе се вклучи и општина Охрид.


Мар 18, 2014

Од утре на кино-репертоарот на Центарот за култура „Гриогор Прличев“ ќе се прикажува францускиот игран филм  „Сината боја е најтопла“.


Мар 18, 2014

Во Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на град Охрид  за 2014- та година според претходно утврдените проблеми во однос на нелегалното нудење на услуги за сместување во капацитети од мал обем, и оддавањето на лоша слика на градот на повеќе локации, со оваа програмска активност се предвидува изработка и поставување на типизирани штандови, кои ќе ја имаат функцијата на туристички берзи.


Мар 18, 2014

Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на град Охрид а, со оглед на нефункционалноста на поставениот туристички информативен центар на претходно предвидената локација на Бул „Туристичка“ на влез на Охрид, се предвидува негова дислокација во централното градско подрачје.


Мар 18, 2014

Од ЕВН Македонија, информираат дека денес, 18-ти март, ќе има  прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од центрарот на Охрид како и неколку охридски села и населби.


Мар 17, 2014

Крводарувањето во Охрид е на високо ниво.


Апр 20, 2021

Медицински тимови од сите  болници  и здравствени домови, кои имаат помал број на ковид пациенти  ќе ротираат во процесот на вакцинација. Започна преадаптација на просторот и салата се очекува за два дена да биде подготвена за старт на имунизацијата.