Во Општина Дебрца ќе се отвори откупен пункт за земјоделски производи
Советот донесе одлука за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловен простор во зградата – дом с.Требеништа, со намена за отворање на откупен пункт за земјоделски производи. Со јавниот повик, кој ќе биде објавен ќе се повикаат сите заинтересирани инвеститори за отворање на откупен пункт за земјоделски производи.
Квалитетно судско вештачење за избегнување на судските спорови
Бирото за судско вештачење на Република Македонија денес со стручно советување околу вештачењата при сообраќајни незгоди. Од таму велат дека ги имаат најновите софтверски решенија на оваа тематика што заедно со стручните методи кои ги применуваат вештаците треба да обезбедат квалитетно и објективно вештачење.
ЈП „Охридски Комуналец“ во сабота ќе подига кабаст отпад
ЈП “Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 10.05.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Маршал Тито“ и населба „Охридати“.
Еко опоменковци во ходниците на ОУ „Св. Климент Охридски” – Охрид
Во рамките на проектот „Интеграција на заштита на животната средина во воспитно – образовниот систем на Република Македонија” во училиштето се спроведуваат многубројни активности.
Женски Центар „Бисера“ Охрид ќе го одбележи меѓународниот ден на мајката
Женски Центар „Бисера“ Охрид, по повод Мегународниот ден на мајката 9 Мај кој традиционално се одбелезува во светот и во Р. Македонија, во Охрид и оваа година ке организира свечено одбележување.
Дел од „Варош“ денес без струја
Денес во преиодот од од 11 до 15 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на улицата Рашанец и во дел од стариот дел од градот, стои во соопштениоето на ЕВН Македонија.
Азбестни покриви над главите на нашите ученици
Речиси сите основни училишта во градов се покриени со азбестни плочи кои не се променети со децении. Дали конечно ќе се изнајдат средства за замена на овој радиоактивен материјал.
Вевчани целосно исполнето со гости за празничниот викенд
Голем број граѓани од внатрешноста ќе одморат во прекрасната природа на Јанков Камен, манастирот Свети Спас, Летничките езера и надалеку прочуените Вевчански извори.