ЈП „Нискоградба“ ги обележува границите за поставување урбана опрема
Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, изведува обележување на јавните површини за поставување на урбана опрема. Исто така од јавното претпријатие вршат и обележување на просторот за потребите на Гимназијадата Охрид -2014.
СВР Охрид го одбележува Денот на македонската полиција
Со низа свечености, СВР Охрид ќе го одбележи 7 мај Денот на македонската полицијата.
Охридската полиција со засилени контроли за време на Велигденските и Првомајските празници
Помеѓу 1 и 2 мај нема да има полициски час. Но затоа полицијата и инспекциските служби ќе имаат засилени контроли на терен. Од СВР Охрид апелираат секој поединец да води грижа пред се за своето и здравјето на најблиските со почитување на заштитните мерки.
Дел од улица „Железничка“ денес без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денес, 7-ми мај, од 08:30 до 13 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од улицата „Железничка“, на пресекот со улицата „Абас Емин“.
Ударните дупки, грда слика во Охрид
Лоша состојба на улицата Бекир Алириза во близина на О.У. „Братство Единство“ во Охрид. Вдлабнатина до вдлабнатина, дупка до дупка.
Ѓурѓовден – празник на животот
Ѓурѓовден се празнува на 6 мај. Овој празник се вбројува меѓу поголемите пролетни празници што го празнува не само христијанското, туку и целото население во Македонија а посебно припадниците на ромската заедница. Луѓето посебно на денешен ден, веруваат во магичната моќ на билките, ги собираат, пијат чаеви и веруваат дека тоа ќе им донесе здравје во текот на целата година.
На патниот правец Кичево-Охрид запленети 33 килограми марихуaна
На патниот правец Кичево-Охрид запленети 33 килограми марихуaна.
Со најдолгото македонско оро до Гинисов рекорд
Со најдолгото македонско оро до Гинисов рекорд
Се прават завршните подготовки за влез во Гинис со најдолгото македонско оро. На 10 мај, ќе се игра 8 минути оро во должина од 18,5 км и ќе почне од Струга од мостот, а ќе се вие до Горица Охрид, по стариот пат. Со оваа манифестација Македонија ќе се обиде да го сруши досегашниот Гинисов рекорд кој го држат Кинезите со 17.200 учесници. Досега за учество во манифестацијата се пријавиле околу 18.200 учесници , а пријавувањето ќе биде затворено в четврток. Орото ќе може да го играат само пријавените лица кои ќе имаат идентификациски број, а ќе ги има од сите народности, здруженија и организации. Строго ќе бидат забранети партиски обележја, информира еден од организаторите на манифестацијата Сашо Ѓуровски, од Скопско културно лето. Се пријавиле и учесници од Србија, Бугарија и Црна Гора. Радува тоа што има голем број поддржувачи и тоа на волонтерска основа, кажува Ѓуровски. Учесниците ќе пристигнуваат со 360 автобуси и за сите точно е предвидено местото каде ќе бидат лоцирани. Стартот ќе биде истовремено, а музиката ќе се слуша од 270 возила кои ќе ги пратат играорците. Ѓуровски кажува дека од оваа манифестација е на волонтерска основа и не се очекува економски бенефит туку само морален. 
„ Одиме бараме автобуси, транспортерите излегуваат во пресрет. Се јавуваа спонзори да влезат во организацијата не дозволивме рекламирање. Ова е граѓанска иницијатива нема реклами и нема финансиски бенефиттуку само исполнување на душата. Да бидете во низа рака за рака со сите народи и народности кои живеат во Македонија, тоа не може да се купи со пари“, вели Ѓуровски.
ОО на ЦК ќе учествува во орото со свои волонтери, а самоиницијативно ќе вклучат и нивни преставници кои ќе се грижат за безбедноста на сите ученици, појаснува секретарот Антонио Додески.
„ Досега немаме добиено барање да се обезбедат екипи за прва помош, но стоиме на располагање . Ние самоиницијативно ќе се вклучиме со едно возило и со екипа“, појаснува Додески.
За безбедно одвивање на манифестацијата свој придонес ќе даде и СВР Охрид. Од таму ќе бидат задолжени за регулирање на сообраќајот.
„Тоа значи за време на одржување на манифестацијата ќе биде привремено затворен стариот патен правец Охрид -Струга.Ќе бидат ангажирани полициски службеници кои ќе се ангжирани за безбедно одвивање на настанот“, информира Димоски.
Главни организатори на манифестацијата се Скопско културно лето и НУ Танец, а имаат бројни помагатели и поддржувачи. Ѓуровски со задоволство кажува дека за прв пат како поддржувач на ваква манифетсција се јавува и Светската туристичка организација. По завршувањето на најдолгото оро на градскиот Плоштад во Охрид, 90 минутен концерт ќе одржи НУ Танец, а во Струга тоа ќе изведе КУД Тоска од Штип.
{loadposition content9}