Бесплатен паркинг за Богојавление-Водици
Првиот човек на ЈП „Билјанини изври“, Ристе Мише, за нецел месец на охриѓани и бројните гости што го посетуваат градот за време на големите верски празници им овозможи бесплатен паркинг. Тој смета дека на тој начи допринесуваат организацијата на верските празници да биде полесна и беспрекорнаа воедно тој гест да остави добар впечаток кај гостите.
Преполна сала и фантастичен концерт на мега-ѕвездата, Жељко Јоксимовиќ
Синоќа охриѓани имаа извонредна можност да уживаат во звуците на еден од најпопуларните пејачи на Балканот, Жељко Јоксимовиќ.
Препораки на Црвениот крст за Водици
Црвениот Крст од Охрид годинава со посебно предупредувње до сите скокачи по светиот крст. Да внимаваат на обележаните простори кои што се на самиот спуст на пристаништето, бидејки тука има дупки со длабочина преку три метри, а во поплиткиот дел можат да наидат на колци и сидра од бродовите.
При крај се активностите за уредување на Малиот плоштад
Пред големиот верски празник Богојавление-Водици, екипи од охридските јавни претпријатија со несмалено темпо деновиве работат на градењето на малиот плоштад.
Се изврши примопредавање на кумството за „Богојавление- Водици“
На свечен начин во црквата Свети Никола- Ѓеракомиија денес се изврши примопредавање на кумството за Богојавление- Водици. Новите кумови најавија достоинствено и најмасовно одбележување на големиот верски празник.
Костоски:ВМРО- НП докажа како се сака Охрид
Не сме безидејни, патетични како што не нарекуваат од ВМРО – ДПМНЕ , велат од ВМРО Народна. Најголемите проекти за Охрид се направени во времето на Љупчо Георгиески, изјави на денешната прес конференција Ванчо Костоски, претседател на народна. Костовски додаде дека проектите кои што доаѓаат од опозицијата во советот без оглед на тоа што можеле да донесат голема придобивка биле дочекувани на нож во Локалната самоуправа
Седум охридски села се снабдуваат со нехлорирана вода од селските водоводи
Жителите од Куратица бараат управувањето со селскиот водовод да го преземе ЈП Водовод, а од таму инфомираат дека за тоа нема економска исплатливост. Трајно решение гледаат во каптирање на Свинишките извори и изградба на цевковод со кој ќе се снабдуваат со вода жителите од селата и од градот.
Антички и Долни Сарај ќе добијат кров
Антички и Долни Сарај ќе добијат кров.