Нуркачите исчистија дел од езерото од цврст отпад
Денес на потегот од старото пристаниште до каналот Студенчишта охридските нуркачи го чистеа дното на езерото. Целта е да се подигне јавната свест за зачувување на природните реткости како што е нашето бесценето Охридско Езеро, велат нуркачите. Тие укажаа дека најголеми загадувачи се граѓаните на Охрид, посебно во деловите каде што гравитираат населбите покрај езерото.
ОО на Црвениот крст спроведе уште една успешна крводарителска акција
„Збогум градинке моја, среќно првачиња“
Еко миење на вашиот автомобил
Младите охриѓани Никола и Бојан донесоа новина во нашиот град. Тие отворија фирма за мобилно еко чистење на автомобили. Засега задоволни се од интересот на охриѓани, но за нив најважно е да остават добар впечаток кај корисниците на нивната услуга која нуди чистење на нивните автомобили со водена пареа без средства и јаки четки.
Промоција на мирот и стабилноста во регионот
Културен, здравствен или каков туризам имаме?
Охриѓани даваат поддршка за референдум на иницијативата на Пеленската револуција
Охриѓани даваат поддршка за референдум на иницијативата на Пеленската револуција. Доколку се соберат 10.000 потписи во земјава граѓанската иницијатива „ 450 Породилно“ ќе влезе во процедура за измена на предлог Законот за работни односи. Измените се однесуваат на зголемување на времетраењето на платено отсуство од работа поради бременост,раѓање и родителство од 9 на 18 месеци.