Skip to main content
Авг 14, 2017

Туристите но и охриѓани и годинава се жалат дека таксистите наплаќаат двојно поскапо во текот на туристичката сезона. Тоа не е ништо ново барем последниве неколку години за време на туристичката сезона. Општина Охрид и Хотелската Асоцијација засега само со предлози до релевантните институции, кои мерки би можеле да се преземат да се надмине овој хроничен проблем.


Мар 30, 2011

Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ е организирана партија со огромно членство кое доаѓа на консултации пред секој поголем политички настан“, истакна на денешната пресс конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Илија Мојсовски.


Мар 30, 2011

Иако неколку градови низ земјава се соочуваат со епидемија од морбили, Охрид најбезбеден. Степенот на вакцинираност во овој регион надминува 95 %-велат од Центарот за јавно здравје. Можноста за појава на ваква епидемија сведена на минимум.


Авг 14, 2017

Глисирање под бовите од страна на скутерџиите, претовар на рекреативни чамци, се најчестите прекршоци кои се прават во водниот сообраќај на Охридското Езеро. Од Капетанија велат дека нивните инспектори се постојано на терен и изрекуваат соодветни глоби, но признава дека нивните инспектори за внатрешна пловидба не можат да постигнат на сите места подеднакво.


Мар 29, 2011

Основниот суд во Штип им одреди казна од вкупно четиринаесет и пол години затвор на тројцата обвинети во аферата со малолетничка проституција од Куманово, Штип и Охрид.


Авг 14, 2017

Посетата претставува дел од реализација на проект во кој студентите вршат лингвистична анализа на новинарските текстови, учат за за влијанието на лажните вести и информации, како и за самиот процес на креирање на новинарските стории.


Мар 29, 2011

До редакцијата на ТВМ пристигна демант  од Серафилоски Илчо за прилогот објавен на 25 март, кој се однесуваше на пристапниот пат за жителите од крак на улицата Ристо Чадо.


Мар 29, 2011

Локалната самоуправа прави напори преку современ софтвер навреме да добива информации за бројот на остварени ноќевања на странски и домашни туристи на Охридската ривиера.