Доделена паричната помош за бебињата родени во јануари во Охрид
Врз основа на доставениот список од ЈЗУ Општа Болница, а по претходно потпишаниот меморандум за соработка меѓу градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на општата болница Љубен Арнаудов, општина Охрид во месец февруари на 15 мајки чии деца се родени во месец јануари годинава, трансферира по 5 000 денари еднократна парична помош.
Комплетна еколошка документација до крај на овој месец
Рокот за обезбедување на А и Б интегрираните еколошки дозволи за фирмите важи до крајот на март. Од 1-ви април инспекторите на увид ќе ја бараат комплетната еколошка документација, а оние фирми кои нема да ги имаат интегрираните еколошки дозволи ќе се соочат со дебели казни, а можеби и со клуч на врата.
Се уредува Булеварот „Туристичка“
Во текот на оваа работна недела екипите на Работната единица „Паркови и Зеленило“, при ЈП „Охридски Комуналец“, вршат пролетно средување на дрворедот вдолж сообраќајницата „Булевар Туристичка“.
ЈП „Охридски Комуналец“ го чисти муљот од градскиот кеј
По налог на Опшинскиот инспекторат е извршено чистење на крајбрежниот појас по градскиот кеј (во близина на Холандски Парк).
Комплексот Св.Наум денес без струја
„ЕВН Македонија“, информира дека денеска, 6-ти март, во периодот од 07:30 до 18:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во манастирскиот комплекс „Св. Наум“, исто така прекин со снабдувањето ќе има и во ресторанот „Острово“ како и во хотелот „Маркони“.
Спортската сала „Билјанини извори“ ќе стане регионален вакцинален центар
Од утре почнуваат подготовките спортската сала „Билјанини извори“ да стане регионален вакцинален центар по примерот на салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Кривична пријава за осумнаесетгодишна жителка на Лескоец
При претрес кај неа пронајдено оружје од страна на полициските службеници
182 слободни работни места во Охрид
Податоците кои се однесуваат за првиот месец од 2014та година говорат дека во нашиот град во моментот има околу 7700 невработени лица од кои нешто повеќе од половина се сметаат како невработени лица кои активно бараат работа.