Skip to main content
Ное 15, 2013

Четири години тапка во место изградбата на новопроектираната улица Јордан Мијалков кај локалитетот Бејбунар, Охрид. Од Локалната убедуваат дека на тој потег се гради согласно Деталниот урбанистички план за тоај опфат, со мали институционални прекини.


Ное 15, 2013

Ниска стапка на преваленца на ХИВ СИДА кај нас, но  висока стигма.


Мар 30, 2021

Со цел развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица и лица со попреченост од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид организира втора обука за неговател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.


Ное 14, 2013

Запознавање со работата на царината не само од она што се учи туку и практично. Денес пред студентите предавање за организација и работата на царинската управа одржа првиот човек на Царинскта управа Ванчо Каргов.


Ное 14, 2013

На охридското крајбрежје нема нити еден зелен хотел.


Ное 14, 2013

На сред село, кај единствената селска чешма, паркирани автомобили на луѓето кои одамна го напуштиле местото. Денес, дошле во Речица да запалат свеќа и да се помолат за здравје и среќа, во малата, но живописна црква посветена на светите лекари Кузман и Дамјан.


Ное 14, 2013

Граѓанската опција за Македонија ГРОМ, синоќа во Охрид ја конституира својата 12 општинска организација. Лидерот на оваа политичка опција Стевче Јакимоски рече дека ГРОМ е партија која што ќе се бори за дескопјанизација на Македонија, бидејќи смета дека секој дел на земјава треба да има рамномерен економски развој.


Ное 13, 2013

Дневниот центар на лицата со интелектуална попреченост „Зраци“ од Охрид се соочува со кадровски проблем. Иако во овој центар се води грижа за 15 лица со интелектуална попреченост  сеуште работниот статус на социјалниот работник и дефектологот не е решен. И двајцата,12 години работат со оваа посебна група како времено ангажирани.