Нови книги во Библиотеката – избор за сечиј вкус
Оваа недела од НУ Библиотека „Григор Прличев“ предлагаат нови седум наслови од областа на белетристиката и научната литература кои од денеска можат веќе и да се зајмат.
Локална:За 8 год. на власт во Охрид СДСМ не почуствуваа потреба за заштита на блатото
Денешните обвинувања на СДСМ од Охрид за наводна неприципиелност во работењето на локалната самоуправа и Градоначалникот Бакрачески, може да се оквалификува како уште една безскрупулна лага во континуитет и исфрустрирано барање начин за себе амнестија од финансискиот, урбанистичкиот и економскиот масакр кој го направија во општината и општинските јавни претпријатија во изминатиот периодот на нивно практикување власт во Охрид.-реагираат од Локалната самоуправа.
Охридското брачно советувалиште посетувано само по сила на законот
Од Центарот информираат дека досега немале случај на доброволно посетување.
ОК ВМРО ДПМНЕ: СДСМ нема факти, на нивна страна се само клеветите и лагите
Секојдневното замајување на јавноста од страна на ОО СДСМ Охрид преку пресови е само типичен пример за нивната заплашеност од делата кои се спроведуваат во Охрид од страна на ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески, стои во реакцијата од ОК на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција на ОО СДСМ.
СДСМ: Студенчишкото блато наместо да се заштити ќе се урбанизира
Градските власти на Охрид ќе ја пренаменат заштитената зона околу Студенчишкото блато по инструкции од власта на ВМРО – ДПМНЕ, обвинуваат ОО на СДСМ. По се изгледа и ова мало заштитено парче ќе се урбанизира, додаваат од таму.
Локалната им вети сериозни зафати на жителите на Горна Влашка Маала
Целосна реконструкција на улицата „Питу Гули“, детски реквизити, спортски терени. Ова се само дел од ветувањата кои жителите на Горна Влашка Маала ги добија на средбата со градоначалникот Бакрачески.
Oдбележан роденденот на А ден Долард
А ден Долард е човекот кој има значајна улога во развојот на холандско македонските односи. Денеска Културно-информативниот центар „Култура 365“ го одбележа роденденот на холандскиот новинар, писател, патеписец и вљубеник во Охрид и Македонија.
Крводарителска акција во соработка со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
Општинската организација на Црвен крст Охрид денеска ќе ја организира редовната крводарителска акција во соработка со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.