Skip to main content
Апр 19, 2011

Македонија и македонизмот презентирани низ две книги во Центарот за култура „Григор Прличев“. „Митологијата на Македонците“ од Ристо Попоски и дела од творечката лабораторија на Ангелина Маркус, беа промовирани пред присутната публика. За делата, и како писател и рецензент говореше токму Ангелина Маркус.


Авг 23, 2017

Индексот на просечната месечна исплата во јуни е во пораст и изнесува 102.8. Зголемувањето годинава споредено со истиот период лани се должи на растот на месечната плата во неколку сектори меѓу кои забавата и рекреација. Намалување на просечната плата во споредба со минатиот месец има во неколку дејности како што се градежништвото и трговијата на големо и мало, соопшти Државниот завод за статистика.


Апр 19, 2011

За случајот Митреви, очигледно нема импровизација на бедотијата. Време е институциите да се разбудат, а градоначалникот да си стои на ветеното.


Апр 19, 2011

Дубровник, Задар и Истра, се трите локации во Хрватска од кои американски инвеститор ќе одбере каде ќе го гради европскиот Лас Вегас, јавуваат хрватските медиуми.


Авг 23, 2017

Училиштата во градов, подготвени за новата учебна година. Направени се повеќе градежни зафати, санација на одредени објекти како и генерални чистења на училиштата и дворните површини се со цел учениците да ги пречекаат во најдобро светло. Средствата кои биле издвоени од буџетот на општината делумно ги задоволиле потребите за санација на училиштата, а делумно тие се направиле од спонзорства.


Апр 18, 2011

ВМРО НП е во целост структуирана и организационо подготвена за предвремени парламентарни избори. ОК на ВМРО НП се трансформира во ОИШ“, истакна на денешната пресс конференција Мирјана Крлеска, портпарол на ОИШ.


Апр 18, 2011

Монитори од компјутери, тастатури, мобилни телефони и полначи, екрани од Тв приемници секојдневно завршуваат на градските депонии. Сите овие апарти кои го отслужиле своето кај нас сеуште не се селектираат и не се рециклираат.


Авг 23, 2017

Центарот за јавно здравје на почетокот на месец септември ќе ја спроведе планираната есенска дератизација на целата територија на град Охрид.