Јан 7, 2011
Жените со повисоко ниво на свесност за сопственото здравје
ЦИН 1 е состојба на мала промена на грлото на матката. Тое е мал предзнак дека кај жените каде е констатирана ваква состојба, треба да поведат сметка за своето здравје.
Јан 6, 2011
ОК ВМРО ДПМНЕ: „Една улица да се вика Атина Бојаџи“
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ на првата седница на совет годинава ќе поднее иницијатива една улица во Охрид да го носи името на Атина Бојаџи.
Јул 8, 2017
Некои плажи на охридското крајбрежје сеуште немаат спасители и обележани капалишта
Некои од плажите на охридското крајбрежје кои се под концесија сеуште немаат спасители и обележани капалишта. На оние капалишта кои немаат концесионер мора да се постават табли со предупредување. Надлежните најавуваат контроли дали се почитуваат законските обврски од Законот за внатрешна пловидба.
Јан 6, 2011
Од сообраќајна студија само желба
По два неуспешни тендери за изработка на студија за сообраќај за Охрид, локалната распишува трет.
Јан 6, 2011
Хуманитарна акција на ОК на ВМРО ДПМНЕ
Скромна помош за неколку Охридски семејства. ОК на ВМРО ДПМНЕ во очи на големиот христијански празник Божик, спроведе хуманитарна акција.
Јул 7, 2017
Крводарителот Димитар Свилар 4 децении живее без вода
Секој ден Димитар Свилар од Долно Лакочереј охридско, се снабдува со вода полнејќи неколку канти од чешмата во близина на селската црква. Тој како што открива за ТВМ, 4 децении живее без вода во својот дом, а досега месната заедница не успеала да го реши неговиот проблем. Свилар е крводарител кој околу 200 пати дарувал крв. Овој хуман човек се надева дека надлежните ќе најдат начин да му излезат во пресрет сега кога тој има потреба од помош.
Јан 6, 2011
Убавините на Св. Наум низ делата на академскиот сликар Славко Упевче
Отворена изложба на академскиот сликар Славко Упевче, посветена на 1100 години од упокојувањето на Св. Наум Охридски. Посетителите остануваат без збор пред неговите пејзажи, изработени во техниките сув пастел, масло на платно и акварел.
Јан 6, 2011
„ Распеано ѓерданче“ одржа концерт
На симболичен начин, со песна, дечињата од хорот „ Распеано ѓерданче“, на Охриѓани, им го честитаа големиот христијански празник Божиќ. Воедно, го промовираа и своето прво ЦД.