Локалната за недела дена ќе ја обелодени програмата за Новогодишните празници
Велат дека прават напори со одбележувањето на позначајните празници во зимскиот период максимално да ја продолжат туристичката сезона.
28 прекршувања на забраната за движење, 566 санкции за неносење маска
Од 22.00 часот (29.03.2021) до 05.00 часот (30.03.2021) констатирано е дека 28 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (29/30.03.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 566 прекршоци.
Падна дрво врз кола во Косел
Падна чинар врз возило марка Мерцедес во Косел. Овој немил настан се случи вчера некаде околу 21 часот. „Од колата не остана речиси ништо“ , раскажува неговиот сопственик кој немо стоеше пред возилото, од кое што сеуште не беа отстранети остатоците од гранките на дрвото.
Кукли за болните деца
Детска креативност, хуманост и солидарност изразена со изработка на кукли од природни материјали. 400 деца од Охрид се вклучија во големиот проект „Прегратка на дар“. Трета година по ред во соработка со „битолското чупе“, подароците изработени од вештите детски раце стигнуваат до нивните болни другарчиња за новогодишните празници.
Немањето правен статус според месните заедници најголема сопирачка на руралниот развој
Заеднички став и на претставниците од секторот за ТЛЕР и на претставниците од месните заедници на охридските села е дека руралните средини во охридско се на различен степен од економскиот развој.
Мал процент од македонките прават ПАП тест
Превенција, дијагноза и третман на ракот на грлото на матката. На оваа тема денес во Охрид, предавање одржа д-р Лори Елит, врвен експерт по онко гинекологија од Канада. Македонија се соочува со загрижувачки низок процент на покриеност на женската популација со ПАП тестовите.
Општината ја објави новата систематизација на работни места
Општината ја објави новата систематизација на работни места.
Охрид речиси полн за најлудата ноќ
Охрид ќе биде речиси полн за новогодишните празници. Околу 90 отсто од капацитетите на охридските хотели веќе се распродадени и резервирани. Најбројни се гостите од соседството, Бугарија, Грција и Србија. А пријатно изненадување за менаџерите на хотелите за дочекот на Нова годна во Охрид, претставуваат закупените аранжмани на турските гости.