Skip to main content
Фев 26, 2021

Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на делницата Пресека-село Врбјани, денеска ќе има прекин во сообраќајот од 15-20 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ.


Мај 9, 2013

По повод 9ти Мај, Денот на Европа во рамките на Општинскиот центар за услуги во Охрид се отвори информативен центар, ЕУ Инфо точка.


Мај 9, 2013

Започнува ревијата на руски филмови. За љубителите на седмата уметност и бесмртните руски класици Центарот за култура Григор Прличев приредува вистинско уживање. Тематиката на филмовите е војна и мир а влезот е слободен.


Мај 8, 2013

Вработените од ЈП Билјанини извори не отстапуваат од своите барања.


Мај 8, 2013

Денеска се прославуваат 150 години од постоењето на  најголемото хуманитарно движење во светот – Црвениот крст.


Фев 26, 2021

Зградата на општина Охрид, синоќа блесна во боите на ретките болести како дел од кампањата „ Ги запознаваме ретките болести 2021“ со која се дава поддршка на лицата кои боледуваат од ретки болести. Со ова општината и градот Охрид се приклучуваат кон глобалниот повик на „Еурордис“ за осветлување на локални и национални згради и споменици. Во февруари којшто е месец со најмалку денови во годината се запознаваме со нови 28 ретки дијагнози преку аудио,видео и текстуална форма со цел да се запознаеме со предизвиците со кои се соочува оваа категорија луѓе.


Мај 8, 2013

Стружани се поклонија пред моштите на нивниот заштитник, славниот Великомаченик Георгиј Победоносец. Пред многубројниот народ кој пристигна од сите краишта на државава по четврти пат се одржа празничната ордија во спомен на овој светец. Настанот беше збогатен со носење на моштите на св.Георгиј од дебарскиот манастир Рајчица.


Мај 8, 2013

Мал дефект, им отвори голем проблем на службите на МЈП „Проаква“. На ул. „Карпош Војвода три дена непрекинато се прелива чиста вода од две шахти. Од ЈП запознати се со проблемот и најавија дека деновиве ќе преземат мерки за санирање на дефектот.