Општина Дебрца погодена од невреме
Големи штети остави зад себе силнот невреме кое вчера попладне ги зафати селата Оровник, Требеништа, Мешеишта. Врнежите од дожд и град оштетија цели површини со лозови насади како и останати градинарски култури. Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски, меѓу мештаните, вети обештетување на земјоделците.
Охриѓани дисциплинирани за време на полицискиот час
Полициските службеници немале проблеми во неговото спроведување. Граѓаните со здравствени проблеми кои мора да го напушата домот треба да се јават на 192 за да ја кажат причината и насоката на движење за времетраењето на полицискиот час после 22 часот.
Охридските средни училишта договорија практична настава кај занаетчиите
Прва ваква соработка во Охрид ќе остварат Регионалната занаетчиска комора и Електромашинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“.
Изминуваат првите 100 дена од мандатот на Градоначалникот Бакрачески
Тој на градскиот базен го означи почетокот на работењето на летната пливачка школа „Делфина 2013“, потоа ја посети опожарената зграда на „бул.Туристичка“ чиишто станари добија целосно реконструиран влез, а во сообраќај ги пушти и новоасфалтираните делови на улиците ,,Карпош Војвода” и ,,АСНОМ”.
Лицата со посебни потреби во локалната самоуправа добија „Инфо точка“
Пуштена во употреба „Инфо Точката“ за лица со посебни потреби.
Заврши првата летна школа за архитектура и дизајн во Охрид
Заврши првата летна школа за архитектура и дизајн во Охрид.
Нелегална сеча на огревно дрво има во шумите на територија на општина Охрид и Дебрца
Најмногу се сече шума на границата на општините Дебрца и Струга. За подобра контрола врз управувањето со шумите потребни се законски измени во делот на дефинирање на ингеренциите на шумарската служба на ЈП Национални шуми и шумската полиција, смета раководителот на охридската поддружница.
„Македонски овошни приказни во стих“ аудиовизуелен проект за деца
„Македонски овошни приказни во стих“ аудиовизуелен проект за деца.