Фев 28, 2011
Поставувањето на дивите тезги долж кејот да се регулира со закон
Годишната програма за поставување урбана опрема ќе почека некоја наредна седница. Ќе биде донесена откако советниците од сите политички партии ќе се произнесат по овој предлог.
Фев 28, 2011
Извештаите за работата на локалната пред советниците
Работен ден за охридските советници. На денешната 30 та седница, беа усвоени извештаите за работата на секторите и одделенијата во локалната самоуправа за минатата година. Но не се помина така глатко.
Јул 28, 2017
На охридските улици возачите често не даваат предност на брзата помош
На охридските улици возачите на автомобили често да не дадат предност на возилата на брза помош. Лекарите од оваа служба велат дека најчесто станува збор за помлади луѓе кои зборуваат на мобилен телефон. Тие при тоа не даваат првенство на минување на возилата на итна помош и покрај вклучените ротациони светла и сирената.
Фев 28, 2011
Во Охрид нема дефицитарна професија
Бројката од 10.600 невработени лица во општина Охрид е идентична со стапката на невработеност во земјата и изнесува 32 посто. На пазарот на трудот во Охрид, вишок се сите професии.
Фев 26, 2011
Ерван Фуере и на заминување распеан и полн со емоции
Фуере се присети на времето поминато во Охрид и Струга, неговата мисија, новите пријателства. Дојде како Европски амбасадор, а заминува како почесен граѓанин на Охрид.
Јул 28, 2017
Барокниот оркестар од Грција „Армониа Атенеа“ вечер на програмата на „Охридско лето“
На музичкиот репертоар на 57-то издание на фестивалот „Охридско лето“ вечерва е настапот на барокниот оркестар од Грција „Армониа Атенеа“.
Фев 26, 2011
Годишнина од смртта на Борис Трајковски
Македонија одбележува седум години од смртта на претседателот Борис Трајковски. Семејствата на загинатите седум години живеат без одговори, загинаа во несреќа или беа убиени. Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска го посети местото на несреќата.
Фев 26, 2011
Бран поскапувања ја зафати Македонија
Низа поскапувања во Македнија. Нафтените деривати, маслото, лебот, шеќерот, овошјето, зеленчукот и сите останати прехранбените производи веќе се продаваат по нова повисока цена. Дури и цената на какаото на светски стокови берзи вчера порасна за околу 19 долари што претставува највисоко ниво во последниве 32 години. Сепак најголем револт кај граѓаните предизвика новата цена на струјата.