Има надеж за опстанок на веслачкиот клуб „Југ“
Помош од Локалната за опстанок на веслачкиот клуб „Југ“. Комисијата за млади и спорт, заедно со градоначалникот Никола Бакрачески одржале состанок на кој се разгледале случувањата со клубот и предложиле мерки како да му се помогне. Се очекува ова да е точка од дневниот ред на наредната седница на советот.
Д-р Китаниќ потпретседател на “Црвен крст“-Србија, гостин на охридскиот црвен крст
Жителите на Влашка маала бараат отстранување на објектите кај чинарот
Се реконструира Домот за култура во Лешани и Злести во општина Дебрца
Се реконструира Домот за култура во Лешани и Злести во општина Дебрца. Дел од средствата општината ги обезбедила од Министерството за Локална самоуправа, а дел кофинансира и самата општина со средства од буџетот. Целта е да се подобри квалитетот и условите на живеење во руралните средини, вели градоначалникот Игор Трајкоски.
Голем интерес кај шпански фирми за инвестирање во Охрид
Отворен нов супермаркет од брендот Макси Д
Лоциран е на просторот кај старата автобуска станица. Новина ќе биде тоа што во новоотворениот објект има одели за свежо овошје и зеленчук.
Кривични пријави за директорите на Здравствен дом
Во Охрид одбележан Светскиот Ден на здравјето
Преку спорт игра и дружба да се каже не на употребата на дрога, алкохол и цигари. Младите охриѓани на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето 7 ми април и оваа година промовираа здрави животни навики.