Окт 1, 2024
Пецаков: Изгледот на Кеј Македонија во сезона не е пријатна слика, но е концепт кој треба да пoстои
Урбаната опрема на Кеј Македонија, такси превозот и концертите во шпицот на сезоната беа тема на седницата на Совет резервирана за советнички прашања. Опозицијата побара од градоначалникот да ја сподели со советниците и јавноста неговата визија за следното лето односно дали нешто од проблемите кои го мачат туристички Охрид ќе се промени на подобро. Изгледот на Кеј Македонија на лето, за градоначалникот не е пријатна слика, но според него е концепт кој сепак треба да продолжи. Додека пак за самоволието на такси превозниците, се уште нема лек.
Окт 1, 2024
Црвен крст Охрид
Црвен крст Охрид го одбележува Меѓународниот ден на стари лица
Црвен крст Охрид спроведува најразлични услуги за стари лица со цел подостоинствен и квалитетен живот на старите луѓе и дава придонес и активно се вклучува во креирање на политики за старите луѓе во локалната заедница.
Окт 1, 2024
УХМР
УХМР: Сончево со мала локална облачност
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 3 до 19 степени Целзиусови.
Сеп 30, 2024
ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид
ЈЗУ Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид го одбележа Светскиот ден на срцето
Целта на овие активности е подигање на свеста на граѓаните на општина Охрид за значењето на превенцијата и навременото откривање на покачениот крвен притисок и дислипидемијата како два најчести ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања кај луѓето.
Сеп 30, 2024
Пецаков: Од ветените капитални проекти, до локалните избори, нема да се реализира само еден
Од вкупно 10 ветени капитални проекти, до локалните избори нема да се реализира само еден, истакна на денешната седница на Совет градоначалникот Пецаков. Тој одговарајќи на советничко прашање кажа дека сите приоритетни проекти од неговата изборна програма биле или реализирани или во завршна фаза.
Сеп 30, 2024
Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и Словачкиот Музеј од Ухерске Храдиште (Република Чешка)
Во рамките на овој Меморандум, двете страни изразуваат поддршка за подготовка и поднесување заеднички иницијативи. Целта е да се воспостави рамка за соработка помеѓу Словачкиот Музеј и Заводот за заштита на спомениците на културата и Mузеј – Охрид во областа на заштитата на културното наследство, образованието и професионалните размени. Двете страни се обврзуваат да соработуваат при организирање проекти, изложби, едукативни активности и други иницијативи кои придонесуваат за зачувување и промоција на културното наследство.
Сеп 30, 2024
Факултет за туризам и угостителство – Охрид
Утре ќе се одржи првиот академски час на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид
Утре, 01.10.2024 година со почеток во 12 часот во амфитеатарот на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид ќе започне првиот академски час од академската 2024/2025 година.
Сеп 30, 2024
ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид
ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид го одбележува Светскиот ден на срцето
Во просториите на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид, планирано е да се спроведат активности кои ќе опфатат мерење на крвен притисок и скринирање на кардиоваскуларниот ризик кај луѓето, проследени со споделување на совети и информативни материјали од страна на доктори од болницава и претставниците од Крка – Фарма ДООЕЛ Скопје. Акивностите ќе се реализираат на 30.09.2024г.(понеделник) во периодот од 9.00 до 12.00 часот.