Skip to main content
Сеп 27, 2024
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска од Охрид го искоментира како историска грешка тоа што земјава се’ уште не ги започнала преговорите, а таа грешка, според него е двојно поголема со одделувањето на Албанија на патот кон ЕУ. Орбан му претставил на Мицкоски предлог за изнаоѓање на решение со Бугарија, и се понудил Унгарија како земја-претседавач со ЕУ, да посредува во разговорите.

Сеп 27, 2024
Утре на градскиот плоштад и на кеј Македонија ќе биде разиграно во духот на хуманоста и здравите животни навики на 16тата по ред хуманитарна акција За посреќно детство. Црвен крст Охрид и Стоматолошки центар Баткоски и годинава, на задоволство на најмладите охриѓанчиња, подготвија низа забавни содржини, подароци, награди и изненадувања. Прибраните средства од акцијата се наменети за деца од социјално загрозени семејства од Охрид и Дебрца.

Сеп 27, 2024
општина дебрца
Се реконструираат долниот спрат и санитарните чвори, се поставуваат нови врати и молерисување на административните простории, ИТ инсталацијата, како и фасадата од северната и западната страна и други активности.

Сеп 27, 2024
општина дебрца
Деновиве се извршени зафати во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта,чија цел е да се обезбеди поекономично водоснабдување и помали трошоци за електрична енергија.

Сеп 27, 2024
Сончево и топло време ќе преовладува до утре до крајот на денот кога ќе започне да се зголемува облачноста. Во недела ќе има поголема промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

Сеп 26, 2024
По повод празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, православните верници во понеделник традиционално ќе се соберат на црковно народен собир пред црквата посветена на светителките во туристичката населба Лагадин.

Сеп 26, 2024
На Конференцијата ќе учествуваат повеќе од 60 експерти од 20 научни и професионални институции од 11 различни земји.

Сеп 26, 2024
УИНТ Св. Апостол Павле – Охрид
Заинтересираните кандидатите ќе може да поднесат документи утре, петок од 8.00 до 16.00 часот во просториите на Универзитетот.