Окт 21, 2026
Прекин во водоснабдувањето на „Дејан Војвода“
Eкипи на ЈП Водовод Охрид се на терен до целосно завршување со интервенцијата.
Окт 21, 2026
УХМР
Променливо облачно време со дожд во Охрид, температурите до 20 степени
Минималните температури во Охрид од 8, а максималните до 20 степени Целзиусови.
Окт 20, 2026
Ќе се заштитуваат блатните системи во Охридскиот регион
Студенчишкото и Белчишкото Блато чекаат формална заштита. За Студенчишкото, чие зачувување е една од препораките на УНЕСКО, се најавува и долгорочна ревитализација, додека за Белчишкото годинава е отворена постапка за прогласување парк на природата. Еколозите бараат заштитата да се преточи во конкретни мерки за зачувување на овие значајни влажни живеалишта.
Окт 20, 2026
Кривична пријава за бесправно градење во охридското село Рамне
Од надлежната градежна инспекција било донесено решение за отстранување на градбата.
Окт 20, 2026
Со тридневна програма Општина Охрид ќе го одбележи Денот на македонската револуционерна борба
Општина Охрид ги поканува сите граѓани да бидат дел од свеченостите организирани по повод 23 Октомври, празник што го симболизира стремежот за слобода, самостојност и национално достоинство.
Окт 20, 2026
Над 60 деца ја запознаа традицијата на ткаењето преку проектот „Учиме да ткаеме“ на Завод и Музеј – Охрид
Повеќе од 60 деца на возраст од 7 до 12 години учествуваа во едукативниот проект „Учиме да ткаеме“, реализиран од НУ Завод и Музеј – Охрид, во рамките на годишната програма за 2026 година. Преку непосредно запознавање со традиционалната обработка на волната, предењето и ткаењето, најмладите имаа можност да ги откријат старите занаети и да создадат сопствени изработки, учејќи за богатото културно наследство и традицијата на овие простори.
Окт 20, 2026
Николоски: Тунелот кај Пресека е речиси завршен, наскоро ќе биде пуштен во употреба
Тунелот кај Пресека на автопатот Охрид – Кичево е во завршна фаза, а неговото пуштање во употреба, заедно со делницата од Извор до Врбјани и галериите, се очекува во следните неколку недели. Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека се работи на последните детали, додека најголем предизвик за завршување на автопатот останува делницата кај Ботун, каде што се применува посебно техничко решение поради неповолните геолошки услови.








