Мај 8, 2025
УХМР
УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди
Денешните температури во Охрид ќе се движат во интервал од 7 до 21 степен.
Мај 7, 2025
СВР Охрид
СВР Охрид го одбележа Денот на полицијата
Стефан Димоски: Безбедносната состојба е стабилна и поволна на подрачјето на СВР Охрид а своите работни задачи, на безбедносен план, полициските службеници ги извршуваат законски, крајно професионално, неселективно и посветено.
Мај 7, 2025
општина охрид
Овој викенд „Генералка Викенд“ во Охрид
Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина.
Мај 7, 2025
26 издание на „Распеано рибарче“
На 26-тото издание на „Распеано рибарче“ настапија 38 изведувачи, а беа испеани 33 нови композиции.
Мај 7, 2025
„Рего Бис“ нема да лета до Охрид, откажа и вториот полски тур оператор
Оваа летна сезона на охридското крајбрежје ќе ги нема туристите од Полска. По „Реинбоу“, летовите до Охрид ги откажа и вториот полски тур оператор „Рего Бис“. И покрај тоа што државата ги зголеми субвенциите за полските туристи од 35 на 65 евра по лице, тур операторите откажаа поради тоа што хотелиерите ги поскапија цените.
Мај 7, 2025
ТВМ со Македонците во село Шулин, Албанија на прославата на Ѓурѓовден
Ѓурѓовден со големи прослави се празнува меѓу православното македонско население во Мала Преспа, Албанија. Само на неколку минути одалеченост од Пустец, кој е административен центар на девет чисто македонски етнички села, се наоѓа Шулин. Ѓурѓовден е празник кој го обединува селото, ги враќа младите на родното огниште и ја одржува жива врската со македонските обичаи и духовното наследство. ТВМ телевизија беше меѓу македонците во ова убаво преспанско село од другата страна на границата.
Мај 7, 2025
Охридските средношколци, наставници и родители трчаа на хуманитарна трка за Кочани
Во Охрид денеска се одржа хуманитарна трка за помош на семејствата на жртвите во нереќата во Кочани. На настанот „Од срце трчај, од срце дарувај за Кочани” учествуваа над 500 ученици од охридските средни училишта, професори и родители. Собраните средства ќе бидат донирани преку Црвен Крст онаму каде што е најпотребно.
Мај 7, 2025
Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид
Во петок акција за подигање кабаст отпад во централното градско подрачје
Во петок акција за подигање кабаст и зелен отпад на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“ и населба Охридати.