Сеп 4, 2025
НУ Хидробиолошки Завод Охрид одбележа импозантен јубилеј, 90 години од основањето
Хидробиолошкиот Завод е основан во 1935 година и е јавна владина високо образовна и научно-истражувачка организација од национален интерес. Заводот претставува најстарата научно-истражувачка установа од областа на лимнологијата во Македонија чија главна преокупација е лимнологијата на природните езера на (Охридското, Преспанското и Дојранското), со особена нагласеност на Охридското Езеро – најстарото езеро во Европа и најголемото и најдлабоко во Македонија.
Сеп 1, 2025
Прв училиштен ден во новата зграда на ООУ „Кочо Рацин“
Новите училишни простории на ООУ „Кочо Рацин“ се сместени во еден од објектите на поранешната касарна. Беше извршена целосна реконструкција, адаптација и опремување на просторот, со што се обезбедени современи услови за изведување на наставата.
Авг 30, 2025
Жителите на Вапила бараат од надлежните решавање на проблемот со водоснабдувањето
Нивната цел е, велат, едноставна, да имаат вода како основно човеково право и да можат да живеат нормален и достоинствен живот.
Авг 29, 2025
Староградска вечер и изложба вечерва на Ohrid Water Festival
Во рамки на социјално-едукативната програма на Фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival вечерва се превидени неколку настани.
Авг 29, 2025
Ова лето пловидбата во Охридското Езеро минува безбедно, без ниту еден инцидент
Мирно лето на Охридското Езеро. До денес ниту еден инцидент во езерската пловидба. Инспекциските служби и езерската полиција постојано на терен, казнети 75 сопственици на глисери, чамци, кои не ги почитувале пловидбените правила.
Авг 28, 2025
За вистински безбеден Охрид, опозицијата бара поголема видливост на полицијата на терен, проодност и достапност на јавните површини
Стабилна е безбедносната состојба во Охрид според Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот за првите шест месеци од годинава поднесен од Командирот на СВР до градскиот Совет. Од опозицијата посочија дека за вистински безбеден град е потребна поголема видливост на полициските службеници на терен, достапност на јавните површини, проодност со оглед дека сообраќајната култура е на ниско ниво. Од Секторот за внатрешни работи посочија дека се дава максимумот да се одржи поволна безбедносна состојба и покрај фактот што се соочуваат со премал број на полициски службеници
Авг 28, 2025
Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица
Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците празникот во многу места се прославува со црковно народни собири.
Авг 27, 2025
Негативен природен прираст во Охрид, во второто тримесечје 67 помалку родени од умрени
Според податоците на Државниот завод за статистика природниот прираст на населенито во Охрид, во второто тримесечје од годинава, е негативен и изнесува -67.






