„Нападнат“ со шут свежо исчистениот простор под Рамне
На само 5 километри оддалеченост од центарот на Охрид се наоѓа селото Рамне.
Дали паркингот, каде забрзано се дислоцира градскиот пазар, е соодветно подготвен за безбедно тргување со храна?
За брзо ќе се удира темелот на современ затворен градски пазар. Настан кој охриѓани долго го очекуваат. Но дали на просторот на паркингот каде се дислоцираат тезгите веќе неколку денови, обезбедени се соодветни услови за да функционира како зелен пазар на кој безбедно ќе се тргува со прехрамбени производи. За ова прашање, од Директорот на ЈП Градски Пазар , молк.
Првенство во риболов на глуви и наглуви лца
Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид, викендов, на каналот Студенчишта го одржа четвртото Општинско отворено првенство, во дисциплината лов на риба со јадица на пливка, во конкуренција на сениорки и сениори.
Пошта Охрид и пошта Корча се збратимија
Колку си ја познаваме историјата
Колку си ја познаваме историјата. Денес во јавност излегоа информации дека на денешен ден бил роден големиот револуционер Христо Узунов. Поголемиот дел од историчарите го негираат овој податок, тврдејќи дека роденденот му е на 22 октомври. И документите кои се наоѓаат во спомен куќата на Узунов го потврдуваат тоа. Историската поставка која се наоѓа таму е од непроценливо значење, но слабо е посетувана од туристите.
Цените за закуп на тезгите остануваат исти
Нема да поскапи закупот на тезги во Охридскиот пазар, категоричен е директорот на ЈП Охридски Комуналац, Сашо Алче.
Интензивни подготовки
Фестивалот Охридско лето интензивно се подготвува за јубилејното издание.
Фатен осомничениот за убиството во Охрид
Фатен осомничениот за убиството во Охрид кое се случи на 20 февруари на ул „Галичица“. Тој потекнува од Куманово, а живеел во истата станбена зграда со жртвата и добро ја познавал. Завчера вечерта осомничениот ја убил шеесет и седумгодишната Спаса Бојоска, најверојатно во потрага по пари, со неколку убодни рани во пределот на телото и главата.