Водостојот на Охридското езеро се намалува
Водостојот на Охридското езеро се намалува.
Грујо на гости кај Ацо
Премиерот Груевски и градоначалникот Петрески седнаа на иста маса.
Затоплија ли односите?
Паднаа во вода обвинувањата на Петрески дека нема комуникација помеѓу владата и локалната. Груевски вели дека соработката е на задоволително ниво.
Во црквата „Успение на Пресвета Богородица Каменско“ е отворена нова галерија на икони
Во црквата „Успение на Пресвета Богородица Каменско“ е отворена нова галерија на икони во која е изложена постојана поставка на автохтони иконописни дела. Таа се повеќе е посетувана од мештаните, но и од гостите кои доаѓаат во градов. Во галеријата има повеќе дела од познатиот Дичо Зограф.
Водич за пациенти, наскоро во Охридската болница
Пациентите во Јавната здравствена установа „Општа болница“- Охрид, низ 19-те болнички одделенија, наскоро ќе бидат придружувани од водич.
„Браќа Карамазови„ на „Охридско лето“
Покривање на долгови или развој на обрaзованието?
Развојната програма на образованието е слика дека ништо не напреднало во образованието во нашата општина во изминативе четири години, обвинуваат советниците од опозицијата. Од Локалната обајснуваат дека голем број инвестиции се преземени во изминатите години во образовните институции, а се вложуваат и многу средства за одржување на минимум услови за настава.
Високата школа за новинарство и односи со јавноста
Од минатата година, потенцијалните студенти имаат можност да се определат за уште една специфична дејност.