Ден на децата
Децата со Турска вероисповед денес го слават денот на детето.
Народните правобранители од регионот разговараат за проблемите на бегалците
Народните правобранители од регионот разговараат за проблемите на бегалците.
Александар Петрески го кани премиерот во Охрид
Градоначалникот Петрески денеска преку допис го покани Премирот во Охрид да разговараат за проекти кои би биле во интерес на сите.
Охриѓани и книгата
Библиотеката „Григор Прличев“ го одбележа светскиот ден на книгата во услови кои не доликуваат на Национална установа.
Зголемен бројот на охриѓани кои ги проверуваат своите податоци во избирачкиот список
Над 70 граѓани од Охрид и Дебрца побарале увид во избирачкиот список во подрачното одделение на Државната изборна комисија. Во тек е јавниот увид во избирачкиот список за предвремените парламентарни избори кои се закажани за 11 декември. Службата на ова одделение почнувајќи од 28 октомври па се до 11 ноември на граѓаните им е достапна секој ден вкучително и сабота и недела од 8 часот и 30 минути до 19 часот, информираат од таму.
Прва работилница за еколошки мрежи
Во хотелот “Истатов“ во Дојран, денеска започна со работа дводневната работилница за “Развој на национална еколошка мрежа во Република Македонија ( МАК-НЕН ).
Декларација за зелени општини во Македонија
Македонија да има што повеќе Зелени општини. Од ДОМ предлагаат политичките чинители и надлежните институции да усвојат Декларација за зелена Македонија.
Тешка сообраќајна несреќа кај кичевско Букојчани
Три лица ги загубија животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 19 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на селото Букојчани, информираат од СВР Охрид.