Skip to main content
Апр 5, 2023
Кривична пријава
Кривична пријава против 38-годишен прилепчанец кој по објава од портал на фејсбук, напишал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство.

Апр 5, 2023
Основен суд охрид
Денеска во Основниот суд во Охрид започна главната расправа од судскиот процес за претепувањето на Христијан Пендиков. Обвинетиот Илија Спасески се изјасни дека не се чувствува виновен. На Спасески му се суди за кривично дело напад од омраза со тешки повреди. Пендиков повторно не се појави на судењето.

Апр 5, 2023
Театарска претстава
Се е подготвено за премиерата на театарската претстава „Мали против ГОЛЕМ“ во изведба на детското драмско студио „Драма КидЗ“, кое работи во рамки на центарот за култура „Григор Прличев“. Голем број млади таленти, современи теми кои ги допираат проблемите на младите и многу посветеност и работа, резултираа со проект на кој Охрид чекаше долго време.

Апр 5, 2023
Државен завод за статистика
Во март годинава во однос на март лани цените на угостителските услуги се зголемени за 12,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Апр 5, 2023
Регионални системи за управување со отпад
Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска потпиша договор со Европската банка за обнова и развој за грант средства обезбедени од Шведска агенција за меѓународна развојна соработка наменети за техничка поддршка за спроведување на проектот „Регионален проект за цврст отпад“.

Рочиште Пендиков
Апр 5, 2023
Основен суд охрид
Застапникот на оштетениот Пендиков, адвокатот Стефан Камишевски, пред Судот образложи дека неговиот клиент не е во можност физички да присуствува на денешното рочиште од здравствени причини.

Апр 5, 2023
Совет на општина охрид
На 11-ти април (вторник) со почеток во 9 часот ќе се одржи дваесет и шестата седница на Советот на Општина Охрид.

Апр 5, 2023
Зачувување на природното и културно наследство
Или зачувување и одржлив развој или целосна девастација, се двете можни визии за регионов кој е под закрила на УНЕСКО. Потребни се заеднички напори за негово зачувување, порача Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Македонија, при неговата посета на Општина Дебрца.