Конечно ќе се доизгради северната трансверзала
Улицата Железничка која веќе три години чека на доизградба, конечно ќе го добие својот лик. Владата реши од буџетот да издвои 5 милиони евра за таа намена. Штом завршат тендерските процедури започнуваат работите на терен.
УСПЕШЕН НАСТАП НА АМАТЕРСКАТА ТЕАТАРСКА ГРУПА ОД ОХРИДСКИОТ ЦРВЕН КРСТ ВО ТРЕБИЊЕ
Делегација на Црвен крст Охрид составена од членови на Театарската група на волонтери при Црвен крст Охрид моментално е во четиридневна посета на Црвениот крст од Требиње.
Нова година, со детонации
Високите парични казни со кои се закануваа од МВР не ги спречи силните експлозии од употреба на пиротехнички материјали. Новогодишните празници голем број граѓани ги минаа растревожени и револтирани, коментирајќи дека надлежните покажуваат моќ само на збор, но не и на терен.
Инспекторите од дирекцијата за храна, од денес во акција
Инспекторите од Дирекцијата за храна денеска ќе извршат увид на состојбата на сите пазари во Македонија и во објектите лоцирани во рамки на пазарите по повод обврската за воведување на ХАСАП стандардите.
Охрид никако да го реши проблемот со неколкуте локации во градов кои се собиралишта на нарко зависници
Општината, Свр и други институции сеуште се борат да го решат проблемот со неколкуте собиралишта во градов на нарко зависници. После одржаниот состанок пред една година биле преземени неколку мерки, местата биле осветлени, исчистени и уредени, но тие повторно се претворени во собиралишта на наркомани.
Прво па женско
Првото бебе кое се роди во оваа година во општина Охрид е женско.
Охрид по најлудата ноќ
Еуфоријата по новогодишната ноќ полека се намалува. Градот е домаќин на околу 20.000 илјади гости.
Библија плус спорт
Секој човек подеднакво е вреден пред Бога без оглед на националната припадност, бојата на кожата, образование и пол. Така треба и луѓето меѓусебно да се гледаат без да прават разлики. Тоа е темата на Библиската балканска конференција која се одржува во Охрид, на која дебатираат истакнати теолози од 5 балкански земји.