Средба ОПМ и давателите на јавни услуги
На состанокот учествуваа претставници од локалната самоуправа, од јавните претпријатија, инспекциските органи, како и претставници на невладините организации.
Започнаа комунални зафати
„Годинава, Охрид инфраструктурно ќе го средиме комплетно, за потоа да можеме да работиме понатака“, вели градоначалникот Александар Петрески.
Охриѓани и стружани дишат најчист воздух во Македонија
Во Охрид и Струга нема загадување на воздухот. Тоа го покажуваат неколкуте мерни станици на Центарот за јавно здравје. Тоа е резултат што сеуште немаме градежна експанзија од висококатници покрај езерската линија, како и се поголемата застапеност на пелетите како огревно средство, тврди др Лидија Симоноска.
Неформална средба на советниците
Новиот состав на охридскиот совет ќе се состане на 15 април. Седницата ја свикува екс претседавачот, а потоа со неа ќе раководи најстариот советник, се до избирањето на првиот човек на советот.
Светскиот ден на Ромите се слави и во Охрид
Граѓаните од ромска националност денес го прославуваат 8- ми април – Светскиот ден на Ромите.
Јасна победата на СДСМ
„Она што во моментов го прави Трендафилов е само доказ дека се подготвува терен за веќе видено сценарио“, рече кандидатот на СДСМ Александар Петрески, на денешната прес – конференција.
Започна вакцинирањето против сезонски грип
Охриѓани масовно се вакцинираат против сезонски грип. Од вчера во Центарот за јавно здравје се врши вакцинирањето. Од таму велат дека вакцини има доволно и дека граѓаните можат да се вакцинираат од октомври до месец март.
Езерото да не се дава под концесија!
Екологистите бараат – крај за рибокрадците кои во моментов владеат со езерото.