Одржан првиот состанок на прекуграничниот Форум за животна средина
Целта на состанокот е да се подобри комуникацијата и соработката помеѓу Националниот парк Галичица и националниот парк од Преспа- Албанија.
Охрид сеуште е расадник на талентирани млади пливачи
Ана, Петар и Владимир сите членови на пливачкиот клуб „Охридски бранови“ се само неколку од големиот број деца на кои несомнено пливањето им е во крвта
Баскет турнир на глуви лица од Република Македонија, викендов во Охрид
Викендов во Охрид, на просторот пред хотел „Далјан“, се одржува Баскет турнир на глуви лица од Република Македонија. Учествуваат претставници од голем број градови во земјава.
Охрид е домаќин на годишната средба на шумарските работници од земјава и регионов
Се разменуваат искуства, но и спортски резултати. Се одбележуваат и десет години постоење на ЈП Македонски шуми.
Србите најдобри купувачи во охридската чаршија
Туристите го одврзаа кесето, повеќе од минатите сезони. Охридските дуќанџии тријат раце и велат дека овие два месеци прометот е зголемен, туристите биле заинтересирани за асортиманот кој го нудат, а дел од нив биле и добри муштерии.
Измените на Законот за работни односи ги кршат основните права на работниците
Сојузот на синдикати на Македонија најавува протести со кои ќе ги бара правата на работниците. Од Владата остануваат на ставот- измените се во согласност со европските директиви.
Локалните самоуправи не ги користат парите од ИПА фондовите
Стручните лица велат дека располагаат со мал потенцијал за користење на овие средтсва. Додаваат дека вината е во централната власт, но дел и во европскаат комисија.
Се уништуваат дворовите на градинката „Јасна Ристеска“
Искшени огради, оштетени и уништени детски игралишта, расфрлани отпадоци од секаков вид во тревниците, уништени градини, ова е сликата во дворните места на некои од објектите на градинката Јасна Ристеска. Несовесни граѓани бесправно влегуваат и ги уништуваат. Од градинкатa апелираат да престане ваквата појава зошто на тој што ќе биде фатен ќе му биде изречена висока казна.