Skip to main content
Јул 9, 2016

Сеуште има проблеми кои треба да се решаваат во однос со безбедноста на плажите и безбедноста во вода. Од Охридската капетанија кажуваат дека некои концесионери не ја почитуваат законската обврска да ангажираат спасители на вода, а има прекршување и на законот за слободна пловидба. Ваквите појави се позастапени на струшкиот дел од крајбрежјето на езерото.


Јул 9, 2016

На десет времени паркинг локации до крајот на август нема да се врши наплата. Ова е утврдено според одлуката за Летниот режим на сообраќај, која стапи на сила од 1-ви јули. Целта на локалната е паркинзите во централното градско подрачје да се наменети претежно за туристите, а не за месното население. Настанаа измени и во линискиот превоз како не би се создавал сообраќаен метеж во летниот период.


Авг 3, 2021

Од денес 3-ти август, забрана за движење низ шумските подрачја поради зголемена опасност од пожари, информираат од Националниот парк Галичица Охрид.


Јул 9, 2016

Семафорите на раскрсницата кај населбата Рача се само декор на магистралниот пат Охрид Св Наум. И после година дена од поставувањето на оваа вертикална сигнализација со цел подобрување на безбедноста на овој патен правец, тие сеуште не се ставени во целосна функција.


Јул 9, 2016

„Вино Жупа“ од Александровац и „Повардарие“ од Неготино, синоќа пред охридскиот угостителски ешалон, ги презентираа најдобрите вина од своето производство. Целта е доближување на нивните производи до крајните потрошувачи.


Јул 8, 2016

Во центарот на Струга попладнево избувна голем пожар. Изгореа три страи куќи,а за четвртата и петтата се прават напори да бидат спасени. За среќа нема повредени ниту човечки жртви.


Јул 8, 2016

„Мирно и безбедно лето за охриѓани и туристите“. Под ова мото денес на иницијатива на СВР Охрид се одржа состанок со надлежните институции на кој се дискутираше како да се постигне поголема безбедност на крајбрежјето и во вода. Состојбата во споредба со минатите години се подобрува, но има простор и за понатамошно ангажирање, велат од СВР Охрид.


Јул 8, 2016

Започна 55 издание на Балканскиот фестивал на народни песни и  игри.