Со новиот закон за општа управна постапка се намалуваат бирокатските процедури
Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски и директорот на Уравниот државен инспекторат, Ромео Деребан денес одржаа работен состанок со градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески како и со директорите на јавните претпријатија, установи и институции под надлежност на општина Охрид, за новиот закон.
Охрид сеуште нема сообраќајна студија
За решавање на сообраќајниот хаос во Охрид потребна е сообраќајна студија. Ваков документ Локалната самоуправа на општина Охрид сеуште нема изготвено, бидејќи за тоа треба да издвои минимум средства во висина од 200 000 евра кои во општинскиот буџет ги нема, како што нагласи секретарот на општината. Ова прашање речиси една деценија се провлекува и никако да се реши, забележуваат дел од охридските градски избраници.
Програмата за времени објекти не стигна на дневен ред
Програмата за времени објекти помина низ сите релевантни институции, после неколку децении беззаконие и анархија во делот на таа проблематика. Но, за жал, дел од советниците без никакво образложение не ја прифатија на дневен ред таа точка на 56 седница, забележува градоначалникот на Охрид. Додека пак координаторот на СДСМ, смета дека немало итност од донесување на оваа точка и немале обврска да даваат образложение на дополнително ставени точки на дневен ред.
Заменик министерот Муцунски на работен состанок во Охрид за новиот ЗОУП
Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски денес 29 јуни (среда), ќе одржи работен состанок со градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и со директорите на јавните претпријатија, установи и институции под надлежност на општина Охрид, за новиот Закон за општата управна постапка.
„Лајкамобил “ од први јули трет мобилен оператор во Македонија
„Лајкамобил “ од први јули трет мобилен оператор во Македонија.
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ СО ДЕПОНИРАЊЕ НА ОТПАД
Во функција е ставен дежурен телефонски број на кој граѓаните може да пријавуваат проблеми со депонирањето отпад.
Каратистката Јана од Кичево е најмладиот учесник на Училишниот спортски камп во Охрид
Каратистката Јана од Кичево е најмладиот учесник на Училишниот спортски камп во Охрид.
Ќеса со бела прашкаста материја пронајдена во угостителски објект во Охрид
Во периодот од 02:30 до 04:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид во содејство со Единицата за брзо распоредување, по добиена судска наредба, ноќеска извршиле претрес во угостителски објект и помошни простории на булевар „Туристичка“ во Охрид.