Локалната изнајде нов начин за работа на Јавните претпријатија во градов
Локалната со нови методи на работа им дава финансиска инјекција на јавните претпријатија во градов. Како резултат на тоа во изминатите три години платите редовно се исплатуваат. Поради домаќинското работење и намалените трошоци за репрезентација, наградени се и директорите.
Охриѓани се повеќе се свртуваат кон здрав начин на исхрана
Охриѓани се повеќе се свртуваат кон здрав начин на исхрана.
Утре доаѓаат првите гости во хотел Даљан, а свлечиштето сеуште не е комплетно санирано
Првите гости во хотел Даљан и Извиднички центар Охрид пристигнуваат утре. Секако дека домаќините на угостителските капацитети се подготвени да ги дочекаат, но нивните барања и апели да се подобри патната инфраструктура и целосно да се санира свлечиштето на реката Даљан, на овој потег на влезот од Струга, засега не вродија со плод.
Основците од „Христо Узунов“ и „Живко Чинго“ се качуваа со јаже како вистински алпинисти
Во рамки на одбележувањето на меѓународниот ден на здравјето, асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“ организираше практична демонстрација на алпинистичките вештини и опрема, а беше прикажан и еден алпинистички филм како дел од „ЕХО“ фестивалот на планински филм.
Минирање на патот А2, причина за краткотраен прекин во сообраќајот
Изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево на делот помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, се причина за прекин во сообраќајот денес 7-ми април 2016 година.
Света архиерејска литургија за празникот „Свето Благовештение“
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 7 април 2016 година (четврток), во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска ли-тургија, по повод празникот „Свето Благовештение“.
Заев: Работиме на заштита на природното и културното наследство
„Тоа што е уништено со децении наназад, а посебно во последните 11 години од владеењето на ВМРО –ДПМНЕ, со целото мегаломанство и целата негрижа, навистина е мал периодот за да се врати се во нормала“, рече премиерот Зоран Заев при денешната посета на Охрид.
Нејаснотии во надлежностите на општинскиот и државниот градежен инспекторат
Неразграничувањето на надлежностите на градежните инспектори, на локално и државно ниво, повикувањето на членови и од Законот за градење и од Законот за Охрид, создаваат хаос во инспекцискиот надзор, а на урбаното дивеење ни од далеку не му се гледа крајот. Пријавите и предметите за бесправно градење се препраќаат напред назад помеѓу општинскиот и државниот градежен инспекторат, а во меѓувреме прекршителите си градат, доградуваат и надградуваат.