Се привршуваат работите на комплексот Св. Богородица Перивлепта
До наесен треба да завршат сите зафати на комплексот Св. Богородица Перивлепта. Интензивно се работи на конаците, а се интервенираше и на камбанаријата и на фрескоживописот во црквата. Се се прави со пари добиени од американската амбасада.
Започна екстерното тестирање во основните и средните училишта во градов
Започна екстерното тестирање во основните и средните училишта во градов. Директорите велат дека се течело во најдобар ред, а учениците имаат само некои помали забелешки кои се испратени до Државниот испитен центар. Тестирањето треба да заврши на 11ти јуни.
Поради пукнат шибер се замати водата на „Марко Нестороски“
Денес водата за пиење на ул „Марко Нестороски“, беше заматена. Таквата појава ги вознемири жителите на оваа улица и побараа одговор од надлежните од МЈП „Проаква“, на што се должи таквата состојба како и тоа дали водата може да се употребува.
Пливачки подвиг во хуманитарни цели
Стружанецот Ергин Борова кој години живее во Амстердам Холандија сонува за изградба на центар за згрижување и развој на децата со посебни потреби во регионов.
Охридската ул „Стив Наумов“ ќе сесанира дел по дел
Реконструкцијата на ул „Стив Наумов“, влезена е тригодишната програмата за развој на комуналната сфера на територијата на општина Охрид, информираат од Сектор за комунални дејности сообраќај и улици. Согласно истата програма за брзо време предвидена била санација на патот, расчистување од тревнатата површина, осветлување, а доколку налагаат условите може да се планира и изградба на повеќенаменско детско игралиште.
73-годишен жител на Охрид извршил полов напад врз малолетничка
Вчера во полициската станица Охрид, 32-годишна охриѓанка пријавила дека истиот ден околу 12.30 часот 73-годишен жител на градот извршил полов напад врз нејзината седумгодишна ќерка.
Распоред на богослужби за празникот „Вознесение на Господ Исус Христос – Спасовден“
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 9 јуни 2016 година (четврток), во манастирот „Вознесение Христово – Свети Спас“ – горно Лакочереј Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Вознесение на Господ Исус Христос – Спасовден“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Подмољје-Струга
Три лица од кои две посериозно, се здобија со телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 20 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Подмољје-Струга кај крстосницата со локалните патишта за „Еврохотел“ и селото Милешево. Поради сериозноста на повредите, во општата болница во Струга задржан е А.З. (20) од струшкото село Ливада додека во болницата Св.Еразмо -Охрид задржано е едно малолетно лице.