Мар 9, 2023
Кампања низ целиот свет
По 18-ти пат ќе се одбележи Светскиот ден на бубрегот
Светскиот ден на бубрегот во Македонија се одржува по 18-ти пат, а настани по повод денот има во сите градови ширум земјата во соработка со центрите за дијализа Диаверум и Нефроплус, Клиниките за нефрологија и урологија и Заводот за нефрологија во Струга.
Мар 9, 2023
Национална комисија за унеско
Костадиновска Стојчевска : Општина Охрид да ја преиспита изградбата на хотелот во Лагадин
Општина Охрид да ја преиспита изградбата на хотелот во Лагадин, а во меѓувреме таму да нема активности, порача министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Ова е заклучок на националната комисија за УНЕСКО која заседаваше синоќа. Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не предвидува исклучоци како што тоа го предвидела локалната во сегашната одлука за донесување и спроведување на урбанистички планови и легализација на дивоградби, посочуваат од Комисијата и препорачуваат Општината да донесе нова одлука.
Мар 9, 2023
Јп охридски комуналец
Активности за одржување на јавната чистота
Од Јавното претпријатие додаваат дека се реализирани и вонредни активности за чистење на крајбрежниот појас од градско пристаниште до Холандски Парк.
Мар 9, 2023
Туристички сектор
Касарна Хаб организира саем за сезонско вработување на средношколци и студенти
На 24-ти и 25-ти март од 12 до 18 часот во просториите на Касарна Хаб ќе се одржи Саем за сезонско вработување на средношколци и студенти.
Мар 9, 2023
Итб берлин
Преговори за чартер линија Букурешт-Охрид
На ИТБ Берлин започнаа преговори за чартер линија Букурешт-Охрид, состаноци со туроператорот ТУИ кои изразија подготвеност за поставување на трета дестинација за 2024 година од која ќе оперираат со чартери, зголемувајки го бројот на туристи.
Мар 9, 2023
Јп водовод охрид
Ул. Пирин Планина добива нова водоводна линија
Во тек е втората фаза, поставување на цевковод и приклучување на сите објекти во новата водоводна линија на ул. „Пирин Планина”.
Мар 9, 2023
Нова десетгодишна програма
Се подготвува Националниот катастар на подземни води
Нова, десетгодишна програма за управување, користење и заштита на подземните води во Македонија. Во соработка со швајцарската амбасада во земјава и Министерството за животна средина ќе се пристапи кон изработка на национален катастар на подземни води во земјава, а потоа ќе се утврди правилен начин на управување со истите, посочи денеска Министерката Каја Шукова.
Мар 9, 2023
Црвен крст охрид
Обука за млади демонстратори по прва помош
На обуката учествуваа Матеа Тотеска, Валерија Андриеска и Филипа Мијалкова кои во наредниот период ќе се вклучат во процесот на организација на самиот натпревар и припремањето на групите.