Улови слика
По повод денот на Националните паркови 21 јули, Јавната установа Национален парк Галичица распишува јавен конкурс за најдобра фотографија на тема: „Улови слика“.
Кај охридските занаетчии нема интерес за субвенционирање
Ќе се субвенционираат занаетчиите вршители на дејност кои не добиле буџетски средства од проектите во 2014 и 2015 година, имаат деловно седиште во Република Македонија и ги имаат подмирено сите обврски кон државата. Тоа ќе се прави преку кофинансирање до 70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 150 000 денари. Од занаетчиската комора од Охрид велат дека во градов воопшто нема интерес за ова субвенционирање.
Цвеќе, прегратка и убави зборови за жените телесни инвалиди
Преставниците на локалната самоуправа им го честитаа 8ми март на жените телесни инвалиди, членки на здружението „Мобилност“. Тие им ветија дека во рамките на можностите ќе направат се за да им се олесни животот.
Ќе се прави адаптибилна плажа за телесни инвалиди
После мостот ќе се прави адаптибилна плажа за лицата со телесен инвалидитет. Веќе се изготвува проектот за оваа плажа, а од Локалната се оптимисти дека таа ќе биде направена до почетокот на летото. Барањето за ваква плажа е на здружението на телесни инвалиди од Охрид.
Охриѓани не се откажуваат од традиционалното одбележување на Денот на жената
Охриѓани не се откажуваат од традиционалното одбележување на Денот на жената.
Ковачески: ЕВН не може да краде струја, наплатува онолку колку што е отчитано
Многу корисници на електрична енергија сметаат дека често се манипулира, односно се краде електрична енергија. Има и такви кои сметаат дека струја им крадат соседите, а ретки се оние корисници кои не се посомневале во кражба на струја преку диви приклучоци и од правни субјекти. Од ЕВН Македонија тврдат дека никогаш не наплатуваат повеќе од она што е потрошено.
Охридските менаџерки пофалени за 8 ми Март
Охридските менаџерки на јавните претпријатија и институции, се докажани на раководните функции, а за тоа говорат постигнатите резултати, изјави заменик градоначалникот Ангел Јанев. Тој денес оствари средба со нив, им подари букет цвеќе во знак на одбележување на Денот на жената, 8 ми Март.
Општина Охрид: Господа од СДСМ многу работи се сработија во Охрид, за разлика од претходно кога вие бевте Локална власт
Жално и крајно не сериозно е тоа што СДСМ Охрид не се обиделе нити точно да ги пребројат 100те дена од мандатот, а камо ли да застанат и да ги проверат сите проекти кои се сработени во изминатиот период. Веројатно под наредба од централата, иако знаејќи дека ќе испаднат смешни пред јавноста, од СДСМ Охрид биле принудени да излезат на прес конференција, се вели во реакцијата на општина Охрид во врска со прес-конференцијата на СДСМ Охрид по повод 100 дена нова локална власт.