11- месечниот Кирил Митрески заедно со своето семејство замина во Истанбул
Денес 11- месечниот Кирил Митрески кој треба да биде опериран од малиген тумор на левата хемисфера од големиот мозок заедно со своето семејство замина во Истанбул во болницата „Аџи Бадем“. После повеќе консултации со неврохирурзи и онколози од различни клиники семејството Митрески одлучи лекувањето на Кирил, наместо како што првично беше најавено да биде во Израел, да го продолжи во Турција кај реномираниот неврохирург д- р Мемет Озек.
НЕ МОЖЕ ЗА СЕКОЈ НОВ СОЈ НА КОВИД ДА ВОВЕДУВАМЕ РЕСТРИКЦИИ, СОСТОЈБАТА Е МИРНА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ
Дополнителни рестрикции не треба да се прават, ниту поради Омикрон, ниту поради евентуален нов сој на коронавирусот, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Гинеколошката клиника во Чаир.
Универзитетот Св.Апостол Павле ќе ја интензивира научната соработка со научен институт од Јапонија
Во Јапонија склучен договор за соработка помеѓу Институтот за наука и технологија од Нара и Универзитетот „Св. Апостол Павле“.
Општина Охрид има склучено договори со приватни сместувачки и угостителски објекти за стопанисување со плажите пред објектите
Приватните сместувачки и угостителски објекти, кои се лоцирани во првата крајбрежна зона на Охридското Езеро имаат право да стопанисуваат со плажите пред објектите, само во согласност со склучените договори со Општина Охрид,во кои е утврдена површината за поставување на урбана опрема.
Дали локалната добива надомест за поставената урбана опрема на ул.Коста Абраш на самиот кеј?
Од локалната велат дека нивните служби ќе излезат на терен за да ја констатираат состојбата. Поранешната летна тераса на Немо пак, ќе остане на истото место уште извесен период.
Да се плати на рати
Родителите на учениците во трета година во средното општинско училиште Св. „Кирил и Методиј“ кои во средината на април треба да одат на екскурзија во Будимпешта и Виена бараат да се пролонгира плаќањето на ратите поради краткиот рок кој го имаат. Од ТА Вис Пој кои го добија тендерот да ја реализираат оваа екскурзија велат дека ќе им излезат во пресрет на родителите кои не можат сумата за екскурзијата да ја платат до претходно утврдениот рок.
Обука за охридските сметководители
Охридските сметководителите кои сакаат да научат нешто повеќе за Поднесување на даночна пријава во согласност со Законот за ДДВ ќе може да бидат дел од обуката што ќе се одржи на 10-ти март 2016 година, во Даночното одделение во Охрид.
Во Охрид многу малку се говори за аутизмот-наредната недела трибина на оваа тема
Ова меѓу другото е и една од причините за организирање на трибина токму во нашиот град за која интерес покажуваат многу експерти, стручни лица и секако родители.