Skip to main content
Фев 25, 2016

Семафорите на крстосницата на улиците „ Питу Гули“ и „ Марко Нестороски“ во близина на Основното училиште „ Христо Узунов“ во Горна влашка маала , повторно се во функција.


Фев 25, 2016

На работниот состанок помеѓу градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и менаџерскиот тим на „AIR SERBIA“ што деновиве се одржа во Белград , Р. Србија на кој главна тема на дискусија беше   воспоставување на авио линија Охрид – Белград се разгледаа можностите истата да стартува од почетокот на месец јуни до крајот на октомври оваа година.


Јул 21, 2021

Државниот завод за статистика објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението.


Фев 24, 2016


Автомобилистот Игор Иџе Стефаноски денес ги подучуваше младите охриѓани како да се однесуваат во сообраќајот. Тој кажа дека тркачките патеки се место каде се вози брзо, а не градските улици. Ова е дел од караванот кој ги посетува градовите во Македонија со цел да ги едуцира младите за опасностите од брзото возење и непочитување на правилата и прописите во сообраќајот.


Фев 24, 2016

Куќата на Робевци ентериерно ќе се уредува. Министерството за култура за оваа намена издвоило 3 милиони денари. Конзерваторско,  реставраторските работи и осовременувањето на ентериерот во овој музејски објект, ќе го вршат екипи  на Завод и Музеј од Охрид.


Фев 24, 2016

Директна комуникација со публиката, преку нов театарски жанр, театарска импровизација. Станува збор за серијал на премиери кои ќе имате можност само еднаш да ги гледате и во истите интерактивно да се вклучите.  Импровокативците, односно охридските актери Тодороски, Стаматовски и Кипровски, ве очекуваат утре во 20 часот во ЦК „Григор Прличев“, бројот на публиката е ограничен.


Фев 24, 2016

Во Охрид предвреме  расцветаа  бадемите.


Фев 24, 2016

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.П. (24) од Либражд – Република Албанија.