Skip to main content
Мај 13, 2016

Центарот за обука на пилоти ќе имапрезентација на *Универзитет за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” во 12.00 часот.


Мај 12, 2016

Љубителите на ракометот во нашиот град се пред нова можност да уживаат во мајсториите на најдобрите ракометари кои играат во нашата земја. За прв пат дел од нив се и охридските ракометари кои како трет фаворит ќе се обидат да го освојат македонскиот куп. Едно е сигурно, во предстојните два дена корист ќе извлечат сите посетители во спортската сала Билјанини извори кои ќе имаат можност во живо да гледаат ракомет на европско ниво.


Мај 12, 2016

 Жителите од Булевaр Туристичкa реагираат на запоставениот  забавен детски парк.


Мај 12, 2016

Куварски двобој меѓу дваесетина охридски готвачи аматери и ученици.


Мај 12, 2016

Птиците преселници се чувари на нашата животна средина. Затоа треба да ги чуваме, да не ги уништуваме нивните живеалишта и да ги прихрануваме. Охридските извидници од одредот „Пионер“, пред основците од општна Охрид и Дебрца одржаа неколку едукативни работилници за птиците преселници и нивното значење за природата. Децата научија нешто повеќе за птиците, кои се нови птици и на кој начин можат да ги заштитат.


Јул 28, 2021

Денес Телото за управување со ИПАРД и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе одржат информативно- едукативен настан во Oпштина Охрид во 11:00 часот.


Мај 11, 2016

Со песна, игра смеа и по некоја солза дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ кои се во најголемите групи ја завршуваат оваа учебна година. Тие од наесен ќе бидат првооделенци во некое наше основно училиште. Завршната приреднба некои од школите ја искористија за да се промовираат пред родителите и децата.


Мај 11, 2016

Возачите бараат Локланата да ги санира ударните дупки по охридските улици. Надлежните служби при секторот за комунален развој, сообраќај и патишта велат дека веќе се детектирани овие ударни дупки и нивната санација е ставена во планот за работа за тековната 2016та год.  Ветуваат дека за престојнава туристичка сезона инфраструктурата во градов ќе биде во солидна кондиција и дека возачите ќе можат да возат по асфалтирани и уредени улици.